Реклама
Македонија

Филипче и Мицкоски се договорија да се формираат работни групи за реформските законски решенија

Kонструктивна средба, договор за формирање работни групи, повик до останатите партии да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kонструктивна средба, договор за формирање работни групи, повик до останатите партии да се приклучат во соработката, очекувања за лидерска средба на претседателите на сите парламентарни партии. Претседателот на СДСМ Филипче и премиерот Христијан Мицкоски се договорија да соработуваат преку работни групи во кои ќе има експерти од различни области, со цел спроведување на реформската агенда.

Беше истакната потребата да се работи на заедничката индина за граѓаните, како и да се работи на консезус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробитта на сите грашани. Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кој можат да дадат придонес на патот за развој на земјата. Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок. Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни. Согтоворниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок, информираа од Владата.

Според Филипче, на овој начин се покажува свест, разум и слух за барањата на граѓаните, а новиот модел на соработка ќе помогне во испорачување побрзи резултати и подобрување на животот на сите граѓани. Тој очекува сите политички партии да покажат интерес за ваков вид на соработка и наскоро да има лидерска средба.

Реклама

Состанокот беше добар и конструктивен. Сметам дека и до него е стигнато барањето од граѓаните за заедничка работа во некои сфери за подобрување на квалитетот на живот. Договоривме да работиме на начинот, да форимираме тела и работни групи за спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони во делот на правосудството, понатаму енергетиката и некои работи околу стратешките движења во здравството. Ова е првичен состанок, да видме каква ќе биде методологијата. Мислам дека со тоа што покажуваме свест, разум и слух за барањата на граѓаните и се обидуваме да воспоставиме нов модел на соработка во интерес на барањата на граѓаните, прво преку рефромската агенда, сметам дека е добар позитивен сигнал, рече претседателот на СДСМ, Филипче.

Партиите со свои видувања на средбата. Коалицискиот партнер во Владата, ЗНАM, критикува дека СДСМ и Венко Филипче немале политички кредибилитет да нудат било какви концепти за Македонија. ДУИ пак, продолжи со своите нерационални стравови – Сребата Филипче-Мицкоски била со цел, монотетничка коалиција, но и отстранување на Албанците од голем број високи позиции во државната управа, иако повикот за лидерска средба беше до сите парламентарни партии.

Барањето на Филипче за средба со Мицкоски, дојде по трагедијата во Кочани која според претседателот на СДСМ, ги извадила на површина сите пропусти, и смета дека е крајно време е сите да седнат да работат за доброто на државата. По овој апел на лидерот на опозициската партија, Мицкоски го повика Филипче кој му го презентираше планот за изготвување на натпартиска стратегија за напредок на Македонија во повеќе клучни области – здравство, правосудство, животна средина, образование, борба против корупцијата, партизацијата и политизацијата.