Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Филипче: 600 евра минимална плата и поддршка за работничките барања

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските плати. Лидерот на партијата Венко Филипче се надева дека сега законот ќе биде поддржан од власта за разлика од 2024 година кога беше одбиен нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата. 

– Наше е да предложиме, власта е таа што го има последниот збор. Имаат две третини мнозинство во Собранието. Треба да се даде поддршка, народот навистина има потреба од таква поддршка – рече Филипче на денешната прес-конференција. 

Со ваквиот предлог, како што посочи, одржуваат континуитет во нивните политики од времето кога СДСМ беше на власт и кога минималната и просечната плата растеле во континуитет, дури и во ситуација на многу тешки кризи. Според него, со одговорна и вистинска политика може да се најдат пари за овие барања и не држат изговорите на власта дека нема пари. 

Реклама

– Ако ние можевме во време на криза, на компаниите и на граѓаните финансиски да им обезбедиме поддршка кога над две милијарда евра отидоа како директна помош и се заштитија десетици илјади компании и граѓани кога цел свет беше затворен, тоа значи дека со домаќинска и одговорна политика пари може да се најдат. Владата треба да води сметка за вистинските приоритети на граѓаните и да најде пари, а не да бара изговори дека нема пари – рече Филипче.

Додаде дека се отворени за соработка за предлог-законот и го повикаа Сојузот на синдикатите да направи увид во текстот на законот и доколку има предлози и сугестии, да бидат вметнати во него.

Во однос на обвинувањата од власта дека вчерашниот протест на ССМ бил политички мотивиран, Филипче уште еднаш повтори дека ниту го иницирале ниту учествувале во организацијата на овој протест. 

– Власта мора да сфати дека тоа се реални автентични барања на народот и не треба да ги затвора очите пред тоа – рече Филипче.