Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

Филипче ја одби поканата за лидерска средба – Мицкоски му реплицираше: Само тонете во политичко мочуриште

Филипче му кажа НЕ на Мицкоски. Иако прво сакаше сега одби да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче му кажа НЕ на Мицкоски. Иако прво сакаше сега одби да седне заедно со премиерот на лидерска средба. Техничката влада сега му е потребна. Мицкоски му реплицираше – ние имаме доволно гласови да ја укинеме, но сакавме затоа да има консензус. Му порача на СДСМ да продолжи да си тоне во нивното политичко мочуриште.

Филипче како причина што ја одбил средбата е затоа што не сакал со оваа како што ја нарече криминачна власт да разговара за клучни прашања – вели дека само би седнал на лидерска средба, ако на неа се договрале предвремени парламентарни избори и учество на сдсм во евентуално нова тех влада.

„Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката Влада, Мицкоски е во тесно му се брза и бара алиби за распишување на избори. Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани , кое јас и СДСМ го разоткирвме и јавно го говориме повеќе од два месеци – предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот , власта се брза да земе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра плус 20 000 фунти по мигрант. Мицкоски и тендер коалициајта ВМРО-ЗНАМ, нека си ги распишат изборите сами , кога веќе се имаат испланирано , СДСМ нема да биде покритие за тоа сценарио. Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се.“- вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Реклама

Премиерот вели дека не бил само законот за техничка влада на денвен ред на лидерската, туку на средбата би се зборувало и за други важни реформски закони европската агенда – меѓу нив изборниот законик, законите за јавното обвинителство, судскиот совет и службите, изборот на народен правобранител – и затоа, како што истакна, потребен е инклузивен процес.

Мицкоски додаде дека, и покрај апсолутното мнозинство во парламентот и големиот број градоначалници од владејачката коалиција, владата сака дијалог и консултација со сите парламентарни партии.

Тој остро ја критикуваше, како што ја нарече, „безидејната“ и „неодговорна“ опозиција, и посочи дека барањата за избор на Народен правобранител и други реформи произлегуваат од извештаите на Европската комисија.

„Тема на оваа лидерска средба не беше само Законот за влада. Бидејќи, ако ние одлучиме да се однесуваме незрело и неотговорно, како што се однесува тој и генерално опозицијата, тогаш нам и не ни е потребна лидерска средба. Ние со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада.

Тоа не ни е потребно мислењето на опозицијата, но ние сакаме процесот да биде инклузивен. И покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници – повеќе од 90% се од владината коалиција, речиси двотретинско мнозинство во парламентот – ако сакавме да се однесуваме незрело и неoдговорно, можевме тоа да го направиме и без лидерска средба. Но сакавме на таа средба да разговараме и за реформските закони, односно за законите што се дел од реформската агенда.“- вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Лидерската средба било предвидено да се одржи на 14ти јануари во клубот на пратеници. И покрај одбивањето на Филипче да седне на иста на маса со премиерот, сепак Мицкоски истакна дека поканите и формално ќе бидат испратени по политичките партии.