Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Филипче ја одби поканата за лидерска средба – Мицкоски му реплицираше: Само тонете во политичко мочуриште

Филипче му кажа НЕ на Мицкоски. Иако прво сакаше сега одби да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче му кажа НЕ на Мицкоски. Иако прво сакаше сега одби да седне заедно со премиерот на лидерска средба. Техничката влада сега му е потребна. Мицкоски му реплицираше – ние имаме доволно гласови да ја укинеме, но сакавме затоа да има консензус. Му порача на СДСМ да продолжи да си тоне во нивното политичко мочуриште.

Филипче како причина што ја одбил средбата е затоа што не сакал со оваа како што ја нарече криминачна власт да разговара за клучни прашања – вели дека само би седнал на лидерска средба, ако на неа се договрале предвремени парламентарни избори и учество на сдсм во евентуално нова тех влада.

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката Влада, Мицкоски е во тесно му се брза и бара алиби за распишување на избори. Ова што се случува е сценарио кое што е смислено уште лани , кое јас и СДСМ го разоткирвме и јавно го говориме повеќе од два месеци – предвремени избори па мигранти за пари. Нема пари во буџетот , власта се брза да земе мигранти, да земе кредит 6 милијарди евра плус 20 000 фунти по мигрант. Мицкоски и тендер коалициајта ВМРО-ЗНАМ, нека си ги распишат изборите сами , кога веќе се имаат испланирано , СДСМ нема да биде покритие за тоа сценарио. Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше се.“- вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Реклама

Премиерот вели дека не бил само законот за техничка влада на денвен ред на лидерската, туку на средбата би се зборувало и за други важни реформски закони европската агенда – меѓу нив изборниот законик, законите за јавното обвинителство, судскиот совет и службите, изборот на народен правобранител – и затоа, како што истакна, потребен е инклузивен процес.

Мицкоски додаде дека, и покрај апсолутното мнозинство во парламентот и големиот број градоначалници од владејачката коалиција, владата сака дијалог и консултација со сите парламентарни партии.

Тој остро ја критикуваше, како што ја нарече, „безидејната“ и „неодговорна“ опозиција, и посочи дека барањата за избор на Народен правобранител и други реформи произлегуваат од извештаите на Европската комисија.

Тема на оваа лидерска средба не беше само Законот за влада. Бидејќи, ако ние одлучиме да се однесуваме незрело и неотговорно, како што се однесува тој и генерално опозицијата, тогаш нам и не ни е потребна лидерска средба. Ние со 61 глас во парламентот можеме да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада.

Тоа не ни е потребно мислењето на опозицијата, но ние сакаме процесот да биде инклузивен. И покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници – повеќе од 90% се од владината коалиција, речиси двотретинско мнозинство во парламентот – ако сакавме да се однесуваме незрело и неoдговорно, можевме тоа да го направиме и без лидерска средба. Но сакавме на таа средба да разговараме и за реформските закони, односно за законите што се дел од реформската агенда.“- вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Лидерската средба било предвидено да се одржи на 14ти јануари во клубот на пратеници. И покрај одбивањето на Филипче да седне на иста на маса со премиерот, сепак Мицкоски истакна дека поканите и формално ќе бидат испратени по политичките партии.