Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ферати: Реформи во функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците и нов пристап кон распределбата на ресурсите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати на денешниот брифинг со новинарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати на денешниот брифинг со новинарите ја претстави состојбата во која ја затекнал институцијата по преземањето на функцијата. Најави реформи во функционирањето на Министерството и нов пристап кон распределбата на ресурсите и грантовите.

Ферати потенцира дека Министерството со години немало стратешка ориентација, основни услови за работа и внатрешна кохезија. Како што информира министерот, од 139 вработени во Министерството, околу 30 проценти немале соодветни услови за извршување на својата работа, поради недостиг на основна работна опрема, вклучувајќи и компјутери, бироа и работни простории.

-Ресурсите на Министерството, посебно човечките ресурси не биле искористени како што треба, поради тоа што се функционирало преку кабинет и преку некои раководители, рече тој.

Реклама

Ферати нагласи дека веднаш по преземањето на функцијата почнал со процесот на подобрување на кохезијата во рамките на Министерството, одржувајќи состаноци со секторските раководители и експерти за да се најдат начини за поефикасно функционирање.

Како што потенцира министерот, еден од главните проблеми во Министерството е недостигот на стратешки документи. Од настанувањето на институцијата имало, вели, само два стратешки документа со важност од две години. -Ова покажува дека Министерството немало стратешки определби и насоки како ќе се развива. Секогаш се импровизирало во работата на Министерството – рече тој.

Ферати забележа дека во изминатиот период имало нееднаквост во распределбата на средствата од грантовите за заедниците. Од 36 распределени грантови, според него, 29 биле распределени за српската заедница и здруженија, а вредноста на еден грант била во износ од 500 илјади денари.

Од следната година, рече, приоритет ќе биде пофер и попропорционална распределба на грантовите, како и нова систематизација и создавање на два нови оддела – Оддел за стратешко партнерство, меѓународни односи и ЕУ грантови и Оддел за анализа и истражување.

Во делот од својата визија, министерот меѓу другото, повика на поголема соработка со медиумите, нагласувајќи ја нивната улога во одржувањето на стабилноста и социјалната кохезија.