Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Facebook и Google  во Mакедонија, Скопје филмски град , Тетово центар за електрични автомобили – ни трага, ни глас од ветувањата

Facebook и Google во Македонија, Скопје филмски град , производство на електрични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Facebook и Google во Македонија, Скопје филмски град , производство на електрични автомобили –  На истек на мандатот на актуелната Влада ни трага ни глас од крупните најавени инвестиции.  Низ годините имаше разни изговори , прво откако ќе влезевме во НАТО  инвеститорите ќе не препознаеа како стабилна држава , ама потоасе правдаа дека биле  одвратени од пандемијата , па неизвесноста на пазарот . Токму на пример за време на пандемијата, пад на инвестициите се случи секаде во регионот, ама во Македонија беше три пати поголем од останатите држави.

   На месец дена  пред формирање на техничка Влада остана само сеќавање на цврстото предизборно ветување на Зоран Заев за гигантите Facebook  I Google кои ќе отвореа централи во Македонија – можеби не го најдоа патот до тука  поради лошата инфраструтктура за која и критикуваат најголем дел од постоечките странските инвестиции во држвава .

Работам директно и кажувам , на Facebook и Google со централи во Македонија заради тоа што ги одданочуваат со 19 и 23 отсто во Швајцарија и Даблин да дојдат овде . Малта им нуди 4,3 отсто , им понудив 3 отсто , ама доаѓаат со 300 милијарди добивка . И ние нема да изгубиме ништо туку тие ќе отворат работни места  што ќе влезат директно во факултетите , рече поранешниот премиер Зоран Заев .

Реклама

 Скопје за малку ќе беше и филмски град . Во метрополата ќе се снимаа холивудски филмови , ама на крајот финишот за овој проект не беше среќен како на романтична комедија. Имено, примарниот проект „ Скопје Технолоџи парк“ во својот бизнис план предвидуваше  44 % од просторот да е изграден со деловни објекти, 29 % со хотели, а  27 % со станбени згради , всушност филмските студија беа  спореден проект кој би се градел во зоната ТИРЗ 3 во близина на скопскиот аеродром . Ставот на нашата Влада е дека не ни требале компании кои се фокусирани на комерцијален недвижен имот . „ Филмскиот град “ сега влегува во втора сезона , разговорите биле обновени, но сепак се е на ниво на разговори .

Додека со Холивуд се разговара , никој не знае што се случува во Тетово . Фабриката за производство на електрични автомобили уште ја чекаме  Владата на СДСМ и ДУИ направи цела манифестација на годишнината на Рамковниот договор, а лопатата ја удрија сите ,година и три месеци подоцна  , фабрика нема

Јас никогаш не сум најавувал инвестиции и оваа инвестија за која беше извесно оставивме да се случи прво , на изненадување на целата јавност дознавме дека во Македонија ќе има инвестиција од 130 милиони евра и 900 вработувања на почеток , рече тогаш актуелниот Премиер Димитар Ковачевски .

Потписите пак кои се редеа годинава  во вредност од 450 милиони евра допрва треба да се реализираат , што значи се уште се на ниво на најава .   Од постоечките инвеститори тука пак помалку од половина би инвестирале тука повторно по прв пат . Компаниите се разочарани од корупцијата, тоа што не функционира правната држава, лошата инфраструктура и тоа што нема квалификуван кадар.