Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Европски плати во домашни услови – расте интересот за градење ИТ-кариера дома

ИТ секторот останува најплатена индустрија во Македонија,информатичарите и програмерите од дома, заработуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ИТ секторот останува најплатена индустрија во Македонија,информатичарите и програмерите од дома, заработуваат европски плати. Нивните приходи го надминуваат државниот просек.Генерално просечните месечни плати на програмерите се движат од 1000 до над 3.500 евра. Ова го прави секторот еден од најдинамичните и најбрзо растечките во земјата, привлекувајќи млади таленти.Иако голем број македонски компании работат за врвни светски корпорации,дел од студентите се не одлучни каде би ја граделе кариерата.

“Идеално би било тука, нормално дека никој не сака да замине од сопствената татковина, и да оди на друго место само за работа, но тоа е тешко да се предвиди, бидејки станува збор за поголеми фактори, бидејки тоа е борба за преживување“.-вели Евгенија Пулеска-студентка

 “Мене повеќе ми е желба странство да продолжам бидејки повеќе ми се допаѓа животот таму“–вели Стефан Бошески-студент

Реклама

Сепак од охридскиот Универзитет за информатички науки  “Свети Апостол Павле “велат дека околу 70% од студентите останувале во државава, за разлика од другите профили кои гледаат излез надвор од државата.

 “Во минатото,пред 10 години студентите барем од нашиот универзитет сите заминуваа во странство дали на дообучување во смисла на мастер или на докторски студии, а сега во последните 3-4 години со отворањето на многу странски компании, во Македонија остануваат тука.Тоа е последното истражување што го направив”– вели Јасмина Андоноска,раководител на центар за кариера

Локалните компании отвораат нови работни места а голем број млади инженери работат на интернационални проекти.

„ Сметам дека кадарот го имаме моментално може да остане во Македонија од причини што имаме доста работни места, кои што бараат се повеќе нови вештини на работа, нови знаења, и сметам дека компаниите заедно здружени со факултетите можат тоа да го овозможат“-вели Стефани Неделкова Кузманова- менаџер на компанија

„Насочени сме кон регрутирање на млад кадар. Целта ни е да ги задржиме младите во Охрид. Во поглед на кариерен развој ги оставаме студентите да растат во компанијата со тоа и компанијата и тие ќе имаат личен бенефит“-вели -Петар Бушоски-мененаџер на компанија

 Со оглед на брзиот развој на технологијата и глобалната побарувачка за ИТ услуги, се очекува дека оваа индустрија ќе продолжи да расте и да игра клучна улога во економијата на земјата.