Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Економија

Европа и Македонија засега немаат алтернатива на гасот од Русија

Бугарија засега нема донесено одлука дали целосно ќе се откаже рускиот гас,…

Сподели:

Бугарија засега нема донесено одлука дали целосно ќе се откаже рускиот гас, откако пред два дена бугарските власти најaвија дека договорот со „Гаспром“ ќе биде прекинат. Министерот за енергетика од Бугарија, Александар Николов вели дека се бараат алтернативи за испорaка на гас, а за прекин на договорот нема одлука. Инаку, Македонија целосно зависи од одлуката на Бугарија, зашто целосното снабување оди преку нашиот сосед.

Снабдувањето со природен гас во фокусот на разговорите на економските министри на Македонија и Бугарија. Дали нашиот сосед ќе го продолжи договорот за набавка на гас со „Гаспром” кој истекува на крајот на годинава, а од кој зависи и снабдувањето на гас во земјава, не откри бугарскиот министер за енергетика Александар Николов, но гарантира дека Македонија сепак ќе биде снабдена со овој енергенс. Тој рече дека мора да се размислува за алтернативни начини за снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија. Србија, пак, реагираше за евентуалниот прекин на рускиот гас, зашто за тоа плаќа транзитна такаса.

  • Со сигурност ни е јасно дека Европа треба да биде понезависна и со понизок степен на користење на природен гас од Русија. Ако природниот гас биде доставен до Бугарија ќе гарантираме и снабдување на С.Македонија и соседните земји. Ако се преговара за испорака не течен гас и ако се дискутира за целосна промена на картата за испорака секако дека ќе се почитува новиот пристап, рече Александар Николов, министер за енергетика на Бугарија.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, земјава засега нема друга алтернатива за снабдување на природен гас освен од Бугарија, се додека не се изгради интерконекторот со Грција, терминалот во Александропулос.

Реклама
  • Ние имаме само една поврзана точка за испорака на гас, а тоа во моментов е Република Бугарија, ние немаме друга алтернатива, ја имаме само алтернативата побрзо да го изградиме интерконекторот со Грција, кој најверојатно кон средината на на оваа година ќе се објави јавен повик за изградба, рече Бектеши.

Покрај поврзувањето со Грција, Бектеши најави и физибилити студија за гасно поврзување со Бугарија, преку Петрич до Струмица.

  • За интерконекторот Петрич – Струмица се договоривме да се ревидира студијата зашто претходната предвидела да имаме до Штип маркет тест, но тоа ќе го направиме до „ТЕЦ Неготино“ зашто преку „ЕСМ“ се преземени соодветни мерки за да имаме дополнителен капацитет за производство на електрична енергија од природен гас. Тој интерконектор во иднина би можел да биде снабдувач на тој капацитет кој најверојатно ќе биде голем, рече Бектеши.

Во однос на кризата поради руско-украинскиот конфликт, земјава, рече Бектеши, останува на одлуките што ги носи ЕУ. Николов, пак, е дециден дека двете земји ќе се справат со предизвиците.

Борис Грујоски