Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Евроинтеграции без компромис – Идентитетот и јазикот се црвената линија

Македонија останува на евроинтегративниот пат и никогаш не се откажала од надминување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува на евроинтегративниот пат и никогаш не се откажала од надминување на наметнатиот проблем со Бугарија, особено за да се исправат грешките направени од претходната власт.

Но, ништо не може да се промени преку ноќ, за тоа ќе треба време и макотрпна работа, смета поранешниот амбсадор Јован Донев. Според него тоа и нема да се случува пред очите на македонската јавност.

  • „Ништо во меѓународните односи и не се случува преку ноќ. Значи, постојано треба да бидеме активни, не во дефанзива. Постојано треба да изнесуваме нашите аргументи и да даваме наши предлози како ние мислиме дека треба да се надмине овој случај и сето тоа ќе ни помогне, нели? Можеме, ако имаме можност и да побараме и билатерални лобирања од страна на нашите сојузници. Тоа исто така ќе се работи, нели, надвор од сцена. Меѓутоа, можеме тоа да го направиме евентуално. И тоа велам, не можеме ништо јавно да очекуваме и не треба да очекуваме. Македонската јавност треба, да го разбере тоа дека ништо не се случува толку брзо и преку ноќ и дека тоа бара само макотрпна работа, ништо друго“ вели Јован Донев – поранешен амбасадор. .

Во наша корист одат и залагањата на известувачот Томас Вајц, со оглед дека крајот на идниот месец Извештајот за Македонија ќе се најде на масата пред европските пратеници во Комитетот за надворешна политика АФЕТ.

Реклама
  • „Иницијативата на известителот Вајд за толкување е одлична иницијатива и таа може да помогне во, нели, надминувањето на оваа пречка со толкувањето. Меѓутоа, велам дипломатијата како дипломатија секогаш ќе работи. Она нема ќе работи за сцената, ниту и е работа на неа. Она што го гледаме кога министрите се зеќаваат или премиери или претседатели, тоа е театар. Зад нив секогаш стои еден голем број на дипломати кои што работат постојано дваесет и четири часа работат и тоа така ќе оди..“ вели Јован Донев – поранешен амбасадор.

Македоската дипломатија работи на приближување кон Европската унија, но паралелно на сето ова ги јакне и односите со другите стратешки партнери. Обединетото Кралство и Соединетите Држави. Партнерствата со Лондон и Вашингтон секако ја ставаат Македонија на една повидлива позиција и помеѓу лидерите во Европската унија.

  • „Така што мислам, дека не само што е позитивно, туку ние како стратешки партнер на САД, знаеме кои се Соединетите американски држави, каква улога имаат во светот и добро е да се приближуваме и имаме уште поголема соработка со нив. Ова стратешко партнерство само ќе унапреди“ вели новинарот Дејан Андоновиќ.

Држвниот врв во повеќе наврати потенцираше дека црвените линии се јасно исцртани – идентитетот и јазикот не смеат да бидат доведени во прашање. Македонската дипломатија е фокусирана на дијалог и европски вредности, но не по цена на националниот интерес.