Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

ЕУ за апсењето на Имамоглу: Очекуваме Турција да се придржува до највисоките демократски стандарди и практики

Почитувањето на основните права и владеењето на правото остануваат клучни за процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувањето на основните права и владеењето на правото остануваат клучни за процесот на пристапување на Турција во ЕУ и тие ќе продолжат да бидат основа за односите помеѓу Унијата и Турција, истакнаа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по повод приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

„Како земја кандидат за членство во ЕУ и долгогодишен член на Советот на Европа, Турција е обврзана да ги спроведува највисоките демократски стандарди и практики“, нагласија Калас и Кос во заедничката изјава.

Тие додадоа дека ЕУ ги повикува турските власти да обезбедат целосна транспарентност во врска со апсењето на Имамоглу и да ги почитуваат соодветните правни процедури.

Реклама

„Притворањето на градоначалникот Имамоглу, како и апсењата и обвиненијата против избрани функционери, политички активисти, претставници на граѓанското општество, бизнисот, новинари и други лица од почетокот на годината, отвораат прашања за патот на Турција во однос на нејзината долгогодишна демократска традиција“, додаваат Калас и Кос во изјавата.