Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

ЕУ воведува нов електронски систем за влез во Унијата кој ќе важи и за Македонија

ЕУ воведува нов електронски систем за влез во Унијата кој ќе важи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЕУ воведува нов електронски систем за влез во Унијата кој ќе важи и за Македонија. Станува збор за нов дигитален систем за управување со границите за кој е усвоен привремен договор од страна на Советот на Европската унија и Европскиот парламент.

Наместо печати во пасош при влез и излез, системот дигитално ќе ги евидентира податоците од пасошот, отпечатоците од прсти и фотографиите на лицето на граѓаните на земјите надвор од ЕУ кои патуваат за краток престој во една од 29-те европски земји. Овој систем ќе се применува и за македонските граѓани при преминување на границите на ЕУ.

Системот автоматски ќе го пресметува времетраењето на дозволениот престој (максимум 90 дена во рок од 180 дена) и ќе испраќа предупредувања до земјите членки кога некое лице го надминува дозволениот период.

Конкретен датум за почеток на новиот систем сè уште не е одреден. За тоа, според соопштението од ЕУ, е потребна посебна одлука на Европската комисија. Договорот што сега е постигнат треба формално да биде потврден од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.