Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ЕСМ: Актуелното раководство на АД ЕСМ нема никаква вина што РЕК Битола во последните пет години стана зависен од увозен јаглен

АД ЕСМ најостро ги отфрла грубите и тенденциозни шпекулации на партијата „Левица“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ најостро ги отфрла грубите и тенденциозни шпекулации на партијата „Левица“ во врска со набавката на јаглен за потребите на РЕК Битола. Предметната процедура, впрочем како и сите останати спроведени јавни набавки за време на актуелното раководство, се спроведени во транспарентни постапки и во целосна согласност со позитивните законски прописи, се вели во реакцијата од АД ЕСМ на денешното соопштение на ПП Левица.

Целосна лага е дека АД ЕСМ склучила договор со фирма од Косово. Посочената фирма е основана во Македонија и согласно објавениот оглас, ја приложила целата потребна документација. Не постои ниту еден доказ издаден од надлежна институција дека овој економски оператор основан во земјава има каква било забрана за учество во постапки за јавни набавки, ниту дека е осуден за цитираме: криминал со токсичен мазут. АД ЕСМ нема законско право да елиминира понудувач кој ги исполнува сите критериуми врз основа на партиски соопштенија.

Актуелното раководство на АД ЕСМ нема никаква вина што РЕК Битола во последните пет години стана зависен од увозен јаглен. Ова е директна последица на претходното лошо управување, кога постојните рудници беа девастирани преку експлоатација надвор од сите рударски проекти.

Реклама

Стихијниот ископ во минатото и нередовното одржување на рударската механизација се главните причини зошто најголемиот домашен комбинат за производство на електрична енергија сè уште е принуден да користи увозен јаглен за да ја одржи стабилноста на енергетскиот систем.

Наместо конструктивна критика, сведоци сме на обиди за дневно-политички профит преку ширење паника кај граѓаните. АД ЕСМ останува фокусиран на санација на штетите во рудниците и консолидација на домашното производство, процеси кои бараат време и стручност, а не популизам.

Апелираме до политичките субјекти да престанат со злоупотреба на енергетскиот сектор за тесни партиски цели. Нашата единствена цел е обезбедување стабилна и евтина електрична енергија, а секоја набавка е подложна на строга контрола од надлежните органи.

И уште еднаш ќе повториме дека зачудува двојниот аршин на „Левица“ во врска со случувањата во енергетиката со оглед дека како опозиција, не реагираа ниту еднаш на катастрофалните политики и потези на претходната власт која го доведе енергетскоит систем до состојба на колапс.