Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Свет

ЕП за Турција: Во актуелните услови, продолжувањето на процесот на пристапување во ЕУ е невозможно

Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и политички мотивираното отстранување на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу од функцијата, поради што процесот на пристапување на земјата во Европската Унија мора да остане замрзнат, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за Турција.

Во документот усвоен денеска од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) со 48 гласа „за“, 3 „против“ и 23 „воздржани“, европратениците оценуваат дека и покрај геополитичките и стратешките императиви на процесот на пристапување, не може да се занемари непочитувањето на демократските принципи, па затоа во сегашните околности и покрај демократските и проевропските аспирации на голем дел од турското општество, процесот на пристапување на Турција во ЕУ не може да продолжи.

„Турската Влада не ги презема неопходните чекори за надминување на постоечките фундаментални демократски недостатоци, се вели во Извештајот, при што се посочува дека во ЕУ се појавува тенденција да се воспостави „поинаква рамка за односите, што може да биде на сметка на процесот на пристапување“.

Реклама

Европратениците изразуваат „длабока загриженост“ поради континуираното влошување на состојбата со почитувањето на демократските стандарди во Турција и поради „немилосрдното задушување на критичките гласови од страна на турските власти“ и го осудуваат постојаното таргетирање на политичките партии и членовите на опозицијата.

Во документот се нагласува и „крајна загриженост“ поради неодамнешното апсење и смена од функцијата на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

„ Ова е политички мотивиран потег, кој има за цел да спречи легитимен аспирант да се кандидира на претстојните избори и кој дополнително ја турка земјата кон целосно авторитарен модел, се вели во Извештајот и се повикуваат турските власти „да стават крај на сегашните сериозни ограничувања на основните слободи, особено на слободите на изразување и на собирање“.

Европратениците посочуваат дека пристапувањето на Турција кон ЕУ зависи од исполнувањето на критериумите за членство, кои бараат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото и човекови права, почитување и заштита на малцинствата, добрососедски односи и усогласеност со меѓународното право и заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

„Тоа се апсолутни критериуми, а не прашања кои се предмет на трансакциски стратешки размислувања или преговори,“ се наведува во Извештајот.

Европратениците во документот ја признаваат стратешката и геополитичката важност на Турција и нејзиното зголемено влијание во „областите клучни за меѓународната безбедност“, како што се регионот на Црното Море, Украина и Блискиот Исток.

„Турција е стратешки партнер и сојузник на НАТО. Тоа е и земја со која ЕУ има блиски односи во безбедноста, трговијата, економијата и миграцијата. Затоа, важно е да се одржи конструктивен дијалог и да се продлабочи соработката во областите од заемен стратешки интерес, се наведува во Извештајот и се повикуваат турската Влада и институциите и земјите членки на ЕУ „да продолжат да работат, надвор од моментно замрзнатиот процес на пристапување, кон поблиско, подинамично и стратешко партнерство со посебен акцент на климатските активности, енергетската безбедност, соработката против тероризмот и регионалната стабилност“.

Известувачот на ЕП за Турција, шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор истакна дека турските власти постојано ја повторуваат нивната „наводна посветеност“ на членството во ЕУ и нагласуваат колку е важно за Унијата да го заживее пристапниот процес со земјата поради безбедносни и геополитички причини.

„Членството е за демократија и колку повеќе тие се насочуваат кон целосно авторитарен модел,  како што беше со неодамнешното апсењето на Екрем Имамоглу, толку повеќе се оддалечуваат од членството во ЕУ,“ додаде Санчез Амор.