Македонија нема алтернатива освен решителна борба со корупцијата. Последниот случај со директорот на платежната агенција за земјоделски фондови кој беше фатен флагрант како прима поткуп, но и предметот со директорот на Геријатрија се поттик во бобрата со криминалот со која власта најавува дека ќе оди до крај.
Поранешниот член на Антикорупциска, Владимир Георгиев за „Алфа“ вели дека е оптимист, дека после дециниското реформирање на инстутциите само на хартија, ќе се случи вистински рестарт на алките од системот кои затајуваат. Вели, добри се идеите кои се промовираат, но волја треба да има не само од политичарите туку и од тие што ќе треба да ги спроведуваат законските решенија.
- „Да се надеваме дека еве конечно нешто навистина ќе почне да се применува и практикува. Дорби се тие реформски идеи кои се промовираат и барем ќе бидат донесени како во смисол на законски решенија. Меѓутоа мене праксата, искуството ми покажува дека многу од нив понатаму во практиката не се имплементираат. За тоа треба посветеност и искрена волја, не само кај политичарите, туку и кај администрацијата, кај судиите, кај обвинителите, дека навистина треба да се промени нивното однесување и да се применуваат законите онака како што се пропишани. Значи да има навистина казнување она како што е предвидено во законите, да нема влијанија во нивната работа и стриктна примена на легислативата“ вели Владимир Георгиев – Поранешен член на ДКСК.
Сепак Георгиев предупредува дека ако има нешто полошо од корупција тоа е неказнивоста.

Залудно ќе биде откривањето криминал дури и кај актуелни функционери доколку тоа заврши во правосудните лавиринти. Довербата кај граѓаните ја уништува и малата судска казна за корумпирани функционери кои не ретко го наоѓаат патот да поминат со условна санкција.
Георгиев потсетува на случајот со врховниот судија кој беше фатен како бара мито за влијание во предмет заедно со членот на Советот на јавни обвинители, кој пак на крај со признание на делото се спогоди за условна казна.
- „Се наоѓаме на некој начин во некоја сива зона. Овие два случаи кои ги споменавте се одблесок на некој начин во тоа сивило и е поттик во понатамошни напори да се откриваат случаи на корупмираност кај актуелни функционери. Меѓутоа не е доволно само тоа да се откријат. Многу е важно исто така кои предмети и ќе завршат во таа обвинителска и судска постапка, дали ќе има соодветни санкции. Бидејќи што се вели, ако има нешто полошо од корупција тоа е токму неказнивоста. За жал бевме сведоци кога високи претставници на правосудството беа фатени како примаат поткуп, но еден од нив членот на Советот на јавни обвинители беше само условно осуден ако не се лажам. Што значи, тоа многу влијае понатаму и на довербата на јавноста меѓутоа и на меѓународната заедница дека навистина има посветеност во борбата против корупцијата“ вели Владимир Георгиев – Поранешен член на ДКСК.
Македонија редовно се критикува во извештаите на меѓунаордните организации и институции за состојбата со корупцијата и правосудстниот систем. Апелите се не само да засили борбата против корупцијата, туку и да се заокружат сите законски реформи. Ова е еден и од клучните приоритети во политиките на актуелната Влада, која повеќепати нагласува дека компромиси нема да има за никого.
По последниот случај со директорот на Агенцијата за земјоделски фондови, претседателот на Владата Мицкоски ги повика и граѓаните да помогнат во оваа битка со тоа што ќе пријавуваат доколку некој функционер или службеник ги уценува со мито.
