Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Експерти: Оставка на претседателката за да се зачува довербата во антикорупциската комисија

За да се зачува кредибилитетот на Државната комисија за спречување на корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да се зачува кредибилитетот на Државната комисија за спречување на корупција и граѓаните повторно да ја вратат довербата во оваа институција, претседателката Татјана Димитровсска не смее да чека туку треба да си поднесе оставка од морални причини – антикорупционери и експерти за борба против корупција алармираат дека случајот во кој Обвинителството ја осомничи претседателката на Комисијата, за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“  голем удар за антикорупциската комисија.

Претседателката на ДКСК мора под најитно да си поднесе оставка затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата, значи треба да се тргне за институцијата да може слободно да се чисти – изјави Ивановска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во Македонија посветена на борба со корупцијата.

Давањето оставка од морални причини, не значи дека е прифаќање и признавање на вина, тоа значи чекор со кој ќе се зачува угледот на комисијата, а останатите членови ќе продолжат кредибилно да работат, велат упатените. Според Снежана Камиловска Трпковска од Македонски центар за меѓународна соработка, коренот на проблемот е во тоа што моделот на избор, што се покажа успешен за претходниот состав, при изборот на новата ДКСК во 2023 година бил злоупотребен.

Реклама

За жал овој состав на ДКСК не успеа да воспостави систем на отчетност во текот на минатата година  како што успеа претходната ДКСК. Моделот за избор на членовите на ДКСК обезбеди ова тело да биде натпартиско и натполитичко. Во изборите во 2023 година овој модел беше злоупотребен  и имаше политичко влијание така што веќе имаме негативни оценки за резултатите од нивната работа од страна на меѓународните институции, порача Камиловска, нагласувајќи дека недостига и механизам во Собранието за надзор на работата на ова независно тело.

Владимир Георгиев, поранешен член на ДКСК, исто така смета дека случајот со Димитровска влијае на угледот на ДКСК и на довербата што ја има јавноста кон неа, но одговорноста ја гледа како индивидуална а не колективна.

-Дали целата ДКСК треба да се повлече? – сметам дека не треба. Тоа сепак е индивидуална одговорност иако обвинението  има влијание  врз нејзината работа и врз угледот кај јавноста. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи, а ДКСК сега се на граница на довербата, рече Георгиев сугерирајќи дека клучно сега е дали Димитровска ќе си даде оставка или не.

Дека транспарентноста и отчетноста е важна, порачаа експертите и претставниците на повеќе јавни институции на дебатата за Антикорупција на која домаќин беше Националната конвенција за ЕУ во Македонија и Европското движење.

Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна и судот веќе и изрече мерки. Остана без пасош и не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, не може да гласа и да распределува предмети.