Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Експерти: Македонија мора да добие гаранции дека Бугарија ќе престане да уценува

Македонија не бега од реформи, ниту од исполнување на Копенхашките критериуми –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија не бега од реформи, ниту од исполнување на Копенхашките критериуми – тоа го покажала сите овие години, а го покажува и сега со спроведувањето на реформската агенда поради која прва ги доби средствата за предфинансирање од Планот за раст. Но, по сите направени чекори напред, со право бара еден јасен сигнал од Европската Унија, дека нема повторно да стане жртва на билатерални блокади и уцени, велат упатените.

Не затоа што сака да го заобиколи процесот, туку затоа што сака тој конечно да биде фер и предвидлив.

Експертите се децидни дека ставот на еврокомесарката за проширување Марта Кос го потврди стравот дека Македонија не е заштитена и покрај сите отстапки кои ги направи во минатото. Убедувањата дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија кои ги мантраше претходната владејачка гарнитура, не држат, и за тоа стигна потврда и од Унијата.

Реклама

Малку е индикативно тоа што нашиот дијалог со ЕУ наликува на дијалог со глув. На секое наше тврдење дека ние не сме против Копенхашките критериуми и реформи, туку дека сакаме гаранции, да нема нови блокади на основа на билатерални проблеми, секогаш има одговор дека никој не може да ни гарантира. Се разбира дека никој не може да гарантира, но ние мислиме на блокади и прашања поради билатерални прашања. Ние сме посветени на реформи и исполнување на условите. Тоа на некој начин е лицемерно, вели дипломатот Зоран Дабиќ.

Според Дабиќ, дипломатијата нуди милиони можности за решение, но потребна е волја од сите страни.

Не сум убеден колку ЕУ е силна наспроти сувереното право на секоја земја членка согласно прописите на ЕУ секоја земја да се држи до својот став, но самата дипломатија има механизми. За разлика од шахот, кој се игра на 64 полиња, од кои половина се на фигурите а половина се празни, и има пет милиони или 10 милиони можности за потег, дипломатијата може уште повеќе да се шири. Има милиони теми кои се од заеднички интерес, долгорочни, да се стават на маса и да се преговара во еден интегриран пристап, за прашања кои не мачат, да во иднина се продлабочува соработката, и да живееме добро како соседи и заедно да напредуваме во рамки на ЕУ, вели Дабиќ.

Кос вчера изјави дека ЕУ не може да гарантира дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, ќе нема веќе пречки на патот. Ерокомесарката исто така потврди дека Македонија е прва во регионот во исполнувањето на реформската агенда, потсетувајќи дека земјава прва ги доби средствата за предфинансирање од Европската Комисија.