Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Експерти: Когенеративните централи ќе донесат огромни бенефити

Граѓаните ќе имаат бројни бенефити од изградбата на когенеративни централи. Планот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните ќе имаат бројни бенефити од изградбата на когенеративни централи. Планот на владата за изградба на вакви постројки според експертите е начин како оние што не се приклучени на централното греење да добијат евтина топлина, а од друга страна директно ќе има влијание и на квалитетот на воздухот.

Клучно во моментов според дел од нив е моделот кој државата ќе го договори за изградба, односно дали ќе биде приватна инвестиција или ќе се оди на јавно приватно партнерство. Доколку државата стане партнер, добро би било поголемиот процент да биде на Македонија односно 51 процент од уделот. Сепак и доколку се договори приватна инвестиција и тоа би било од бенефит:  

Се преговара и за изградба на секундардната гасна и топловодна мрежа, а според најавите приклучоците би биле бесплатни. Според она што е досега познато во јавноста, експертите калкулираат дека би се изградиле барем поголеми две постројки во Скопје и Битола, останува на владата како ќе испреговара околу условите. Димитров потсетува дека и во минатото имаше обид за изградба на когенеративни постројки, но овој пат условите се различни . Клучното е што нема обврска да ја купуваме струјата, а државата не дава субвенции

Реклама

Македонија преговара со турската Казанџи Холдинг која би вложила во  изградба на централите со 500 мw капацитет кои годишно произведуваат 4,1 терават часови електрична енергија, односно 720 GWh топлинска енергија.  Компанијата е со искуство од над 25 години и располага со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во 8 земји. Експерите очекуваат дека државата ќе продолжи да вложува во изградба на енергетски капацитети, како што е изградбата на хидроцентралата Чебрен  со цел Македонија да има стабилно производство и од увозник на струја , дури да сме профитабилни.