Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Инвестициите и нивното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите и нивното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст. Ова се пораките од Светскиот економски форум во Њујорк на кој учествува Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа вели дека државите мора да научат да растат и да се развиваат и покрај тоа што светот неизбежно го менуваат се почестите кризи и неизвесноста на пазарите. Во такви услови, економскиот раст повеќе не може да се темели само на поголемо производство и повеќе работни места. Треба да се креираат работни места со зголемена продуктивност и да се создаваат производи со поголема додадена вредност.

„Економиите треба да се насочат на долгорочен раст, кој што ќе се заснова исклучиво на продуктивност. Понатаму, во рамки на дискусијата беше исто така заклучено дека на секоја економија ѝ е потребна што е поголема диверсификација по којашто ќе има и поголема додадена вредност. Исто така беше посочено дека треба да се креира што е можно повеќе високопродуктивни работни места и последно, но секако најзначајно, е тоа дека и понатаму треба да работиме на што е можна поголема енергетска независност, поголема одржливост и поголема стабилност во снабдувањето со енергенси“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

Покрај продуктивноста, во фокусот на економиите треба да биде и диверзификацијата. Говорниците на Форумот се согласија дека државите не треба да се потпираат на само еден или неколку сектори и да зависат од мал број производи, пазари или извори на енергија. Во фокусот на разговорите била и енергијата, која станува се поголем проблем, поради се поскапите ресурси. Затоа, панелистите се согласуваат дека инвестициите во енергетската инфраструктура се клучни не само за стабилна економија, туку и како предуслов за конкурентност. На сесијата на Светскиот економски форум учествуваа високи претставници на влади, меѓународни институции и бизнис-секторот.