Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Експерти: Клучните пораки на премиерот само ја потврдуваат конзистентноста на македонската влада

Испратените пораки од страна на премиерот Христијан Мицкоски од вчерашната роденденска прослава на неговата партија во Струмица, се конзинстентни со неговата полтика која ја гледаме во континуитет, велат нашите соговорници. Премиерот од говорницата порача дека местото на Македонија и е во Брисел како полноправна членка на ЕУ, но дека тоа нема да се прави на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испратените пораки од страна на премиерот Христијан Мицкоски од вчерашната роденденска прослава на неговата партија во Струмица, се конзинстентни со неговата полтика која ја гледаме во континуитет, велат нашите соговорници.

Премиерот од говорницата порача дека местото на Македонија и е во Брисел како полноправна членка на ЕУ, но дека тоа нема да се прави на штета на идентитетот.Тој оцени дека евроинтегративниот процес ќе биде долг и тежок, повикувајќи ги граѓаните да се подготват за борба за исправување на предавството што, според него, го направила претходната власт.

„Ова е една политика којашто е константна, уште пред изборите се повторува и ни е потврдена и на овој вечерашен настан. И тоа значи дека државата е посветена на европските интеграции, но за разлика од некоја претходна пракса, кога овие работи се правеа врз основа на одредени стравови на народот поврзани со идентитетот, сега се гледа поинаква реалност“, вели професорот Александар Спасеновски.

Реклама

Владата прави сè за да ги отвори поглавјата на Европската Унија, но за возврат бара и гаранции дека нема да биде уценувана и тоа е во согласност со предизборната реторика на Мицкоски.

“Ова е во склоп на предизборните ветувања на Христијан Мицкоски, кој ги прави сите напори да ги отвори поглавјата и да стане полноправна членка на ЕУ, но сака да добие гаранции дека повеќе нема да има нови условувања“, смета политикологот Џенур Исени.

Од Струмица, Мицскоски потврди и дека наскоро ќе следува реконструкција на Владата, но и разрешување на сите оние владини функционери кои не ја оправдале довербата.

„Изборните ветувања се за ВМРО-ДПМНЕ и владата се легитимитетот на кој ги добила изборите. Тие предизборни ветувања ги спроведувале одредени кадри. Две години по завршувањето на парламентарните избори можеме да кажеме дека претставува добар период во којшто може дасе направи пресек, пресметка, анализа“, додава Спасеновски.

Во обраќањето, премиерот упати порака и до европските лидери, барајќи гаранции дека повеќе нема да има нови билатерални условувања за земјата.

Срѓан Ивановиќ