Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Ексклузивна премиера на „Утре наутро“ на режисерот Јани Бојаџи

Аплаузи, овации, емоции. Воодушевување кај публиката на премиерата на „Утре наутро“ која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аплаузи, овации, емоции. Воодушевување кај публиката на премиерата на „Утре наутро“ која поради огромниот интерес истовремено наполни четири кино сали во Синеплекс.

Приказната инспирирана од 27 април и настаните кои следуваа потоа, спакувана во нешто над два часа, никого не остави рамнодушен.

„Одлично, прекрасно. Мене ми е за прв пат да гледам филм на маестро Јани Бојаџи и воодушевен сум и од приказната и од фотографија, од музиката која беше прекрасна, колку што можев да прочитам исто негова е и музиката така што прекрасни доживувања од премиерата.“– изјави оперскиот пејач Игор Дурловски.

Реклама

„Јас сум потресена после филмот. Бевме сведоци на нешто што веќе десет години го живееме“- изјави Елка Јачева Улчар, научна советничка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

„Па има некои работи што уште не се знаат и треба да се откриваат. Но добро е што се отвара оваа тема преку ваков уметнички чин“– изјави Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на Македонија.

Филмот претставува рефлексија на современа Македонија низ призмата на неколку силни жени кои се подготвени на се за да ги одбранат честа, семејството и заедницата. Емотивниот набој доловен од актерската екипа се прелеа кај публиката во кино салите, а потоа и на црвениот килим каде за време на коктелот се разменуваа впечатоци и коментари.

„Мислам дека се си кажува филмот и луѓето може да си толкуваат точно онака како што сакаат“- изјави актерката Весна Петрушевска.

„Многу вознемирувачки, со многу длабоки емоции. Мислам дека Јани Бојаџи направил маестрално дело кој побудува секаков тип на чувства што е исклучително значајно за едно уметничко дело, но и не потсетува на нештата од минатото кои за нас македонците се значајни и треба да ги помниме“– изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Гледав од човечки аспект да ја изиграм улогата, да пробам да се отсечам како што сум и во животот од политиката и знаев дека публиката ќе си го доживее како си замислува и како си сака и секој ќе си завземе страна и дека за „добрим коњом прашина се диже“- изјави актерката Нина Деан.

Авторот на ова дело, Јани Бојаџи, вели дека филмот ги надминал и неговите очекувања особено откако ја видел рекацијата на публиката.

„Менувавме многу работи, во процесот на подготовки и за време на снимање и на крајот во монтажа, тоа е пак една приказна за себе. Во секој случај направивме приказна онака како што ние сакавме да ја раскажеме. Тоа што направивме независен продукт е тешко затоа што мораш да внимаваш на се и да работиш многу брзо, но од друга страна дава слобода и Да не се огранучуваш од фестивали, агенции, фондови кои диктираат услови и правила.“– изјави Јани Бојаџи.

„Утре наутро“ покрај во Скопје во Синеплекс, веќе може да се погледне и во кината во Штип, Велес, Богданци, Струга и Крива Паланка. Филмот е дел од поголем проект кој вклучува и телевизиска серија во пет продолженија која треба да се емитува на ТВ Алфа наредната година