Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Економскиот пустош кој СДСM го остави се средува, за прв пат има последователен раст на БДП од 3 или над 3%

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСM. „После долги години на двоцифрена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСM. „После долги години на двоцифрена инфлација, таа конечно се зауздува и намалува, а економијата бележи раст.

Откако седум години СДСM ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, стопанството конечно застанува на нозе и бележи континуиран раст во три последователни квартали од 3 или над 3% раст на БДП.

СДС може да зборува колку сака, но економските параметри покажуваат дека полека се санира економскиот пустош кои тие го оставија.

Реклама

Посветената работа на владата, добро проектираните преземени економски мерки и политики вродуваат со плод и СДСM може само да гледа и да учи како се работи за доброто и во интерес на државата и граѓаните.

Континуираниот позитивен раст на БДП од 3 или над 3% е добра основа годинава да се постигне проектираниот раст од 3,7%, а инфлацијата да се намали на 2,2%.

Овој раст на економија ќе придонесе за понатамошен одржлив раст на платите и пензиите кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

Од формирањето на владата до сега во неколку наврати беа покачени платите на сите вработени во здравството, образованието, полицијата, армијата, согласно закон порасна и минималната плата, а за пет илјади линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери.“