Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Eкономисти и бизнисмени: EK ги нотираше сите слабости на македонската економија

Најновиот извештај Европската комисија е и повеќе од реален во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновиот извештај Европската комисија е и повеќе од реален во однос на економската стабилност на земјава. Овој став го делат и економистите и бизнисмените. Велат проблеми има, и ако во иднина немаме подобра инфраструктура за развој на бизнисите, но пред се и квалификуван кадар, ќе биде уште полошо.

Најновиот извештај Европската комисија е и повеќе од реален во однос на економската стабилност на земјава, велат за Алфа од Бизнис конфедерацијата на Македонија. Според Миле Бошков, проблеми има, и ако во иднина немаме добра инфраструктура за развој на стопанството и бизнисите, но пред се и едукација на квалификуван кадар, до година ќе биде уште полошо.

  • Сите знаеме, а сега еве и извештајот Европската комисија кажува дека домашната економија има еден куп слабости. Тој е и повеќе од реален во однос на економската стабилност на земјава, и ако во иднина немаме добра инфраструктура за развој на стопанството и бизнисите, но пред се и едукација на квалификуван кадар, до година ќе биде уште полошо, вели за Алфа, Миле Бошков, од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Дека македонската економија цела година тапкала в место, потврдува и економистот Бранимир Јовановиќ, кој алармира дека покрај нефункционалниот државен систем на чело со судството, и економијта дише на шкрги. Вели дека мора да има длабински и сериозн-структурни промени за државата да оди напред, за младите да не си одат од сопствената држава.

Реклама
  • Тие критики се апсолутно издржани и тоа е така. Но и покрај отсуството на редорми, и критики, секако, ние како земјав, ги исполнивме критериумите за ги започнеме преговорите, не од сега, туку од пред одреден период. Мора да се напомене и дека покрај нефункционалниот државен систем на чело со судството каде гледаме што се случува, македонската економијта и натаму дише на шкрги и само се бори да преживее. Сепак, мора да има длабински и сериозн-структурни промени за државата да оди напред, пред се на економски план, за младите да не си одат од сопствената држава, како тоа што го гледам секојдневно, вели за Алфа и економистот Бранимир Јовановиќ,

Што се однесува до најновиот извештај на Народната банка кој нотира низок раст, и се уште висока инфлација, бизнисмените велат дека и тоа е очекувано оти продуктивноста на работниците е на ниско ниво, разочарани од ниските плати, но и глобалниот шок кај цените на храната и енергијата.

Иако статистика измери инфлација во октомври од 3,5 %, таа и натаму им ги јаде парите на граѓаните. Проблем, според економистите, ќе настане веднаш откако се укинат владините мерки за замрзнати цени кои ќе предизвикаат ново подгревање.

Дека клучните реформски области бавно напредуваат потврди Брисел. Критикува  дека клучното за придвижување на економијата, односно јавните инвестиции се  попречени од еден куп кадровски прашања. Владата лани се фокусирала главно на цените, но не правела речиси ништо за да има напредок во клучните реформски прашања. Брисел упати и сериозна критика за донесените закони за „Бехтел и Енка“ кои во Собрание поминаа со европско знаменце, во спротивност со дел од правната рамка.

Борис Грујоски