Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Eкономијата во подем – рекордни 1.25 милијарди евра директни странски инвестиции

Рекордно ниво – над една милијарда и 250 милиони евра диркетни странски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекордно ниво – над една милијарда и 250 милиони евра диркетни странски инвестиции во 2024 година. Најновите податоци на Народна Банка покажаа историски најголема сума од осамостојувањето на Македонија. Само во четвртиот квартал, вкупните директни инвестиции забележале нето приливи од речиси 400 милиони евра.

„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1.255 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај меѓукомпанискиот долг (за 686 милиони евра), сопственичкиот капитал (313,6 милиони евра) и реинвестираната добивка (255,3 милиони евра)“, велат од Народна Банка.

Во 2024-та во однос на 2023-та директните странски инвестиции се двојно зголмени, вели министерката за финансии. Гордана Димитриевска – Кочоска, објаснува дека најголем успех бил достигнат во последното тримесечје од минатата година.

Реклама

„Највисокиот износ на странски дирекни инвестиции во 2024 година се забележа во четвртиот квартал, кога изнесуват скоро 400 милони евра, односно за 73,3% повеќе во споредба со износот од претходната година. На овој начин потврфуваме дека ја менуваме економската слика за државата која со години беше девастирана и покажуваме дека системот се менува, и има промени и работиме на враќање на довербата во системот“, изјави Гордана Димитриевска – Кочовска.

Ппремиерот Мицкоски е горд на иневстицискиот бум, а очекува позитивниот тренд да продолжи и во 2025 година. За неполни два месеци годинава во земјава влегоа околу 15 странски инвестиции, а дополнителен стимул се и домашните инвестиции кои преку траншите од поволниот унгарски кредит, ја направија земјава економски лидер во регионот.

„На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Вложувањата во енергетиката ќе и бидат приоритет на оваа Влада и треба да бидат движечка сила во наредниот период, порача премиерот, а Македонија ќе стане лидер во странските инвестиции по глава на жител.

Љубиша Владимиров