Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Економијата главна цел на ВМРО-ДПМНЕ: По осми мај мора да има подобар живот и стандард за граѓаните

Економијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните ќе биде главна ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните ќе биде главна ќе биде главна цел на ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт по осми мај, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Една од главните мисии ќе биде заживување на сите региони во државата, за што од централната власт во четири години ќе бидат алоцирани милијарда евра кај локалната власт, со цел да се спречи иселувањето од државата.

-Во општество во кое што основните работи се испуштени, морате прво базата да ја поставите, а тоа се основните работи, па потоа да зборувате за големи сни и да сонуваме и да работиме за тоа. Затоа ценам дека овој проект кој што годишно ќе зафати 250 милиони евра или во еден четиригодишен мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ некаде околу една милијарда евра, ќе значи додадена вредност во животот на нашите сограѓани, изјави Мицкоски.

Главната цел кога се во прашање инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде воведувањето на рамен и низок данок со што би се мотивирале и домашните и странски бизниси да инвестираат во Македонија, нешто на што актуелната власт целосно не водела грижа низ годините.

Реклама

-ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада има намера да ја продолжи политиката на ниски давачки, односно рамен данок, кој што е би рекол карактерна особина, препознатлив реформски потег кој што ВМРО-ДПМНЕ го почна во минатото, а го продолжи и во годините кои што следеа, имајќи предвид дека Владата на СДСМ во одреден период осцилираше од политиките, воведуваше рамен данок, создаваше една непријатна траорна атмосфера во бизнисот, изјави Мицкоски.

На трибината насловена „Нов концепт за економски развој“ покрај Мицкоски говореа и дополнителната заменичка во финансии Елена Петрова, Гордана Димитриевска Кочоска и Трајко Славевски. Заеднички испратија порака дека македонската економија го допрела своето дно и дека ќе биде потребно многу работа, за што од ВМРО-ДПМНЕ биле подготвени за подобар живот на граѓаните.

Матеја Петровски