Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

ЕК: Преговарачките рамки за Македонија нема да бидат на дневен ред ова лето

Две години откако екс премиерот Заев се фотографираше во авион со Османи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години откако екс премиерот Заев се фотографираше во авион со Османи, Анѓушев и Димитров со кренати палци дека сме добиле датум, датумот за влез на Македонија во ЕУ се уште го нема.

Не е прецизирана ни преговарачката рамка, а со самото тоа виси и тоа кога би се одржала првата меѓувладина конференција која би го означила стартот на преговорите.

Иако владините претставници уверуваа дека преговарачката рамка ќе биде готова на 3ти јуни, 22 дена потоа од европската комисија велат уште нема конкретен датум кога тоа ќе се случи.

Реклама

Портпаролката Ана Писонеро, одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека „Комисијата сѐ уште работи на текстови на нацрт рамките“.

– Ги финализираме документите, немаме датум кога тие ќе бидат презентирани, но целта ни е тоа да биде што е можно поскоро, рече Писонеро.

Според агендата на Советот, не се очекува рамките да бидат на дневен ред ова лето, бидејќи во наредните недели интензивно се преговара за буџетот на ЕУ.

Пред речиси два месеци вицепремиерот Османи на прес конференција истакна дека на почетокот на јуни рамката ќе била готова и би се усвоила во текот на хрватското Претседателство, а првата меѓувладина конференција би се одржала во текот на германското претседателство, односно во периодот од септември до декември годинава.

Ниту рамката е презентирана ниту пак меѓувладината конференција закажана, а датумот за почеток на преговори е се подалеку, особено од рампата која ја става Бугарија доколку Македонија не се откаже од македонското малцинство и јазикот. Со ова Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка од што зависи одржувањето на првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија.

Meри Ѓорѓиевска