Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Eдносменската настава полека почнува да се спроведува, ниту еден наставник нема да остане без работа

Ниту еден наставник нема да остане без работа со воведувањето на едносменската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту еден наставник нема да остане без работа со воведувањето на едносменската настава. Ова го потврди министерката Јаневска, која објасни дека дел од кадарот ќе биде прераспределен во училиштата и општините, каде има вишок на деца, а процесот ќе го спроведе Министерството за образование заедно со локалната самоуправа и менаџерите на училиштата.  

Дистрибуцијата на наставници во училиштата во Македонија е нерамномерна и во некои училишта постојат паралелки од по 12, 10, 15 деца и повеќе такви паралелки за да се зачуваат работните места на наставници кои што во овој момент би биле вишок ако се спојат паралелките“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Досега во Македонија едносменската настава е воведена во 150 училишта, а од Министерството за образование се задоволни како се одвива процесот. Оттаму велат дека и самите општини, односно градоначалниците, се вклучиле активно во спроведување на проектот и ја разбрале потребата и бенефитите од воведувањето на едносменската настава.

Реклама

„Апелирам до сите градоначалници и сите директори да се посветат на овој проект, затоа што како што кажав бенефитот е мултифакторијален и ги опфаќа и учениците и родителите и наставниците. Нашата анализа вели за да се спроведе овој проект, едносменско работење во училиштата потребна е доградба на 300 училници и 70 санитарни јазли, што би чинело околу 8 милиони евра“. Тоа не може да се направи веднаш и ќе потрае”, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојковски смета дека со едносменската настава им се олеснува образовниот процес и на децата и на родителите и на наставниците.  

На учениците, на децата им овозможуваме правилен биоритам на живеењето, да имаат доволно време за воншколски активности по завршувањето на редовниот дел од наставата“, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски.

Инаку министерката со градоначалникот Стојковски денеска ги посетија учениците во училиштето Димитар Поп Горгиев во Ѓорче Петров. Досега во училиштето се направени поголем број инвестиции, како поставувањето на енергетска фасада, девет училници добија нов под, а изградени се и два нови спортски терени, еден на вештачка трева и еден мултифункционален.

Љубиша Владимиров