Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Една жртва и 28 нови случаи на Ковид 19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1.

Реклама

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:

 Скопје – 422
 Куманово – 342
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –126
 Тетово – 62
 Струга – 55
 Велес – 62
 Битола –17
 Охрид –15
 Кавадарци – 4
 Гостивар –13
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-4
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -2
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 1
 Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.