Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Една депонија се чисти, нова се создава – чистењето на Скопје оди отежнато

Додека на едно место се чисти, на друго повторно се пренатрупува ѓубрето.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека на едно место се чисти, на друго повторно се пренатрупува ѓубрето. Камионите на комунална хигиена почнаа да чистат, но  отпадот кој  се натрупуваше со недели, не може да се среди брзо. 

Местото зад мене кое се наоѓа на само неколку метри од градскиот плоштад, кое изгледаше како мини депонија поради насобраниот отпад конечно почна да се расчистува.

За разлика од оваа локација во Центарот на Скопје, само на 100 метри погоре се создава нова мини депонија. Купишта ѓубре складирано во речиси идентични црни вреќи. Додека во близина на Плоштадот се чисти, ситуација и натаму останува  алармантна во Чаир.

Реклама

Иако работата на Комналното претпријатите и градоначалничката Данела Арсовска, сега ја вршат и општините, тие ја немаат потребната тешка механизација за да ги подигнат и испразнат контејнерите и да го соберат целиот отпад од улиците и тротоарите.

Помош во  механизација пристигна од Кавадарци и Куманово, но и таа не е доволна за целосно се исчисти градот.  Дополнителен проблем претставуваат и кучињата скитници кои го разнесуваат ѓубрето по улиците. Граѓаните револтирани велат дека Скопје никогаш не бил повалкан и дека некој треба да одговара за еколошката катастрофа.

Од „Комунална хигиена“ пак се јавија со соопштение и тврдат дека редовно си ги вршеле обврски. Според нив во текот на вчерашниот ден биле подигнати 350 тони отпад. 

„Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од повеќе локации во централното градско подрачје и општината Аеродром. Во рамките на активностите беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад. Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат“, велат од Комунална хигиена.

Вработени во „Комуналец“ се жалат за сотојбата и велат дека и тие се жртви. Синдикатот најави кривична против раководството на претпријатието поради доцнење на платите и лоша состојба со возниот парк. Освен полицијата и Обвинителството почна постапка – проверува како работеле Град Скопје и јавното претпријатие. Оттаму не ја исклучуваат можноста освен „Комунална хигиена“, да бидат опфатени проверки и на други институции.