Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Единаесет дена борба со пожарот на Готен

Веќе единаесетти ден се води борба со огнената стихија, на планината Готен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе единаесетти ден се води борба со огнената стихија, на планината Готен. Пламените јазици високи и по неколку метри кои го зафатија тромеѓето на општините Василево, Радовиш и Берово голтаат се пред себе. Гори нискостеблеста шума, смрека и ниска вегетација. Кракот кон Радовиш се гаси од воздух. Уште рано изутрината дејствуваат  хеликоптери на МВР.  Огнот се прошири и на другата страна, на Малешевските планини, каде гори висококвалиетна букова шума. Кризниот штаб на Берово и сношти упати апел до граѓаните да се приклучат во гасењето на огнот.

  „Страната од Берово ја работи доста голема пешадија. Таму денеска имаме околу стотин луѓе кои го гасат од земја. Она што треба да го знат грашаните, кракот  кај Радовиш, во близина на селата Злеово, Покрајчево, Подареш и Јаргулица, имаме стационорано 6 БТР, 5хермелини и 8пинцгауери. Истовремено имаме помош и од воздух„ изјави Кире Михаилов, од ЈП„Национални шуми„.

Со булдожери и трактори на Готен, се прават заштитни прстени кои служат како бариера за да се спречи ширењето на огнот. Овие пресеци се поставуваат во првец на движење на огнот, со што се овозможува поефикасна интервенција.

Реклама

   „Очекуваме целата механизација да го направи целиот  тој појас, со што пожарот би останал во еден контролиран простор кадешто во наредниот период ќе го работиме за да дојде до негово целосно угасунување„ изјави Кире Михаилов, од ЈП„Национлни шуми.

Се уште се активни двата пожари во Прилепскот регион.  Се уште гори и во Македонски брод, Желино, а во атарот на село Нерав, Крива Паланка гори висока борова шума. Под контрола се ставени пожарот кај струмичкото секло Баница, како и пожрите на планините Серта и Плачковица.