Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Едицијата „Promacedonia“ ја збогати македонската литература со ретки историски изданија

Нови 160 книги кои ја опишуваат македонската историја ќе ги красат полиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 160 книги кои ја опишуваат македонската историја ќе ги красат полиците на универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. По повод 23 Октомври се отвори изложбата на едицијата „Promacedonia“.

Преводи на странски и историски книги испечатени во два дела, внимателно избрани од професори и историчари, за прв пат ќе се најдат во македонската литература, единствено достапни во универзитетската библиотека.

„Првиот дел е книги со историска содржина поврзани најмногу со ВМРО, со основањето на ВМРО, со функционирањето и делувањето на Внатрешно Македонската револуционерна организација, а вториот дел од едицијата се состои со книги со историска содржина поврзани со Република Македонија односно од античкиот период, од времето на Филип, 356 година п.н.е па се до современата македонска држава.“- изјави Јовица Никчевски, директорот на националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје.

Реклама

Историски податоци и документи за Македонија, се наоѓаат во содржината на овие дела, кој како што вели директорот на националната библиотека, треба да ја сменат перцепцијата на народот. Овој проект има големо влијание врз читачката култура.

„Книги кои што треба да ја семнат перцепцијата на многу нешта. Не од празен муабет да кажам туку од историски податоци, документација, од аргументи, од луѓе кој што живееле во тоа време во која што се книгите пишувани. Станува збор за книги кои што се за прв пат преведени на Македонски јазик.“- изјави Никчевски.

На полиците ќе може да се најдат и дела од познатите македонски револуционери како Димо Хаџи Димов со насловите „Илинденското востание и поуките од него за денешните македоснки револуционери“, „Македонското прашање и учителот“ и бројни други дела, „Македонија и Одринско (1893-1903)“- Мемоар на внатрешната организација, како и бројни наслови од странски писатели како  Рихард фон Мах- „Македонското прашање“ .