Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Е-фактурата ќе биде задолжителна од 1 октомври, кога ќе има и законско решение

Новиот модел е-фактура треба да донесе поголема транспарентност, повисока даночна усогласеност и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот модел е-фактура треба да донесе поголема транспарентност, повисока даночна усогласеност и полесно работење за компаниите. Од Управата за јавни приходи велат дека електронската фактурата нема да биде административен товар, туку алатка што ќе го унапреди деловното опкружување и ќе ја намали нелојалната конкуренција.

„За компаниите нема да претставува дополнително адимистративно оптоварување или отежнување, туку напротив, значително  ќе го олесни и промеени сегашниот начин на работење во компаниите со преминување од рутински и рачни  процеси кон автоматизирани и дигитализирани процеси, не само на фактурирањето, туку и на книжења, плаќањата и со тоа во самите компаниите ќе се отвори можност за пренасочување на ресурсите и време кон попродуктивни работи и ќе се поттикне економски раст“, изјави Елена Петрова – директорка на УЈП.

Од 1 јануари тестирањето веќе го спроведуваат софтверските компании и поголемите фирми со сопствени фактурирачки платформи, кои ќе се интегрираат со државниот систем на УЈП. Од 1 април ќе започне тестирањето и на бесплатните апликации за малите и средни компании, а целиот процес се очекува да заврши до 30 септември, кога треба да биде подготвено и законското решение за задолжителна примена. Поддршка за проектот доаѓа и од бизнис заедницата, од каде посочија дека компаниите подготвено го дочекаа воведувањето на е-фактурата, која треба да придонесе за намалување на сивата економија и забрзување на дигитализацијата, особено кај микро, малите и средни претпријатија.

Реклама

„Тоа е доста сложен процес ќе биде потребно време да се имплементира, но влезено е со крајна сериозност, и соодветно тајмингот како ќе доаѓа мислам септември ќе успее да се имплемемнтнира овој сериозен проект е фактура кој е важен за бизнисот“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори

Од УЈП очекуваат првата задолжителна фаза од системот да започне до крајот на годинава, со постепено вклучување на компаниите, во зависност од подготвеноста на системот и резултатите од тестирањето. Е-фактурата се најавува како долгорочна државна инвестиција со брз поврат, преку подобра деловна клима, поефикасно работење и постабилни буџетски приходи.