Реклама

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Економија

ДЗР: Предходната власт трошела без усул, и се задолжувала каде треба и не треба, под неповолни услови

Се трошело и задолжувало  без „усул“. Новата Влада ќе треба да најде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се трошело и задолжувало  без „усул“. Новата Влада ќе треба да најде пари за покривање на долговите направени во минатото и огромната буџетска дупка.  Државна ревизија покажа алармантни бројки и податоци –  2023 година сме ја завршиле со јавен долг на енормно високо ниво од 62, 1 одсто од БДП .   Министерството за финансии се задолжувало, иако условите не биле поволни,а дополнително, власта не била транспарентна, односно во Буџетот не ги  прикажувала реалните потреби за финансирање на државата.

-Во период на здравствена, енергетска и економска криза, Министерството за финансии и покрај неповолните пазарни услови (високи каматни стапки) обезбедило средства од официјални кредитори за буџетска поддршка по пониски каматни стапки од пазарните. Фискалната политика преку финансирање на буџетскиот дефицит има значајно влијание врз нивото и одржливоста на јавниот долг, стои во извештајот на Државен завод за ревизија.

Поради достигнатото енормно високо ниво на јавен долг,ревизорите алармираат да се внимава на управувањето со јавните финансии.  Според ДЗР, во периодот од 2025 до 2028 година ќе доспеваат за плаќање издадените еврообврзници, што може да создаде дополнителен притисок во државната каса.

Реклама

За подобрување и унапредување на процесот на сервисирање на јавниот долг, ревизијата препорача неколку мерки кои вклучуваат анализа на институционалната рамка за управување со јавниот долг за намалување на оперативниот ризик, точно прикажување на финансиските потреби во Буџетот, примена на анализа за одржливост на долгот при креирање на фискалната политика, дефинирање на јасна методологија за пресметка на долгот и анализа за прикажување на обврските за камати на долгорочни и краткорочни, стои во извештајот.

Во извештајот е нотирано и ненавременото известување на министерството за финансии за висината на јавниот долг, односно додека финансии известуваше дека состојбата на долгот на крај на минатата година изнесувала 58,26 отсто од БДП, статистика обелодени дека е 62,01 отсто по што министерството се корегираше.  

Инаку, претходно новата министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во телевизиско интервју обелодени дека во првите ѓшест месеци биле отплатени околу пет милијарди денари повеќе во однос на минатата година по основ на камати.