Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Две недели без плата вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“, најавуваат протести секој ден

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од фирмите ќерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска повторно протестираа од 10:00 до 12:00 часот на крстосницата пред ова јавно претпријатие. Тие веќе 14 дена немаат плата за септември, а не им се исплаќа и јубилејна награда, регрес за годишен одмор, отпремнина пред одење во пензија и новогодишен додаток. Најавуваат дека протестот ќе трае секој ден, од 9 до 11 часот, на истата локација. 

Протестот е во организација на гранскиот Независен синдикат на државна администарција, каде членува синдикалната организација на Синдикатот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

– Вработените имаат и прекувремена работа и имаат право и на бонус плата. И тоа не се исплаќа. Ние како грански синдикат им посочивме на начинот и постапките за реализирање во услови на протест и на штрајк. Синдикалната организација има штрајкувачки одбор, која прогласи штрајк и го стави во мирување согласно закон за мирно решавање на работни спорови. Дадовме можност 10 дена да почне мировниот процес, но од другата страна, од градоначалник, директор и претседател на Управен одбор при „Паркови и зеленило“ немаме контакт, немаме линк, изгледа не сакаат да комуницираат со нас и да го решиме проблемот, изјави Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администарција, каде членува синдикалната организација на Синдикатот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје. 

Реклама

Појасни дека согласно Колективниот договор, вчера поднеле известување до ЈП „Паркови и зеленило“, до директорот и УО и предложиле тројца членови и тројца нивни заменици како членови на мировниот совет. Дадовме рок од пет дена, како што покасни, да се состави со решение мировниот совет и да одлучи за проблемите што се настанати. 

– Од понеделник ќе почнеме и други начини на протестирање или штрајк, сепак за тоа ќе одлучи штрајкувачкиот одбор. Ние и понатаму, се додека не се земе плата, ќе протестираме секој ден. Од утре почнуваме два часа, од 9 до 11 часот, само една сообраќајница со цел Град Скопје и граѓаните да функционираат. Сепак, граѓаните платиле преку сметките за струја, даноци и сл. платиле да функционира градот. И ние сме граѓани и не сакаме да бидеме дополнителен товар на граѓаните на Град Скопје и само една крстосница блокираме и во одредено време. Ние можеме и други, но, сепак оставаме да функционира градот, посочи Ристески. ЈП „Паркови и зеленило“ е основано од Град Скопје и дава услуга, не прави профит и затоа, како што рече, бараме Град Скопје да пушти плата.