Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Две групи лекари и службеници развиле криминални шеми за фалсификат документи за инвалидски пензии

Доктори специјалисти, матични лекари и службеници од Клиниките од Скопје и Општата…

Сподели:

Доктори специјалисти, матични лекари и службеници од Клиниките од Скопје и Општата болница Велес здружени во две групи направиле шема за фалсификување на дијагнози за добивање на финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензи, информира Обвинителството за организиран криминал. Едната група се создала на Клиниката за неврологија во Скопје. На почетокот биле тројца службеници. На групата им се прикличиле уште деветмина, од кои двајца специјалисти и матичен лекар исто од Велес, адвокат и службеник од Центарот за социјални работи во Тетово. Тие изготвувале медицински упати, отпусни писма, конзилијарни мислења и потврди за медицински помагала со невистинита содржина. Првосоомничената по истиот терк создала уште една група на Клиниката за уво нос и грло во Скопје. И се приклучиле 12 луѓе. Тие барале и примале поткуп со ветување дека ќе обезбедат инвалидски пензии на оштените.

Обвинителството за организиран криминал информира дека 49 луѓе се осомничени за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп. Од нив за 12 е предложена мерка притвор, за тројца куќен, а за останатите мерки на претпазливост. Еден од осомничените е во бегство.

За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега, информира Обвинителството за гонење на организиран криминал.  

Реклама

Вчера за време на претресите полицијата кај осомничените пронајде 110.000 евра, повеќе мобилни телефони, нотеси со податоци на должници, медицинска документација и повеќе факсимил печати.

Инаку, МВР заедно со Бирото за јавна безбедност за девет месеци покажаа решителна борба против криминалот и корупцијата. Се апсеа директори и сужбеници кои се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и примале поткуп. Зад решетки се веќе врховен судија кој зема мито од 10 илјади евра заедно со член на Советот на обвинители. Против повеќе директори од енергетскиот сектор, геријатрија и Државна лотарија се водат истраги за корупција и злоупотреби.

МВР чисти и во своите редови. Поранешни и активни полицајци се дел од меѓународната истрага за печаницата за евра откриена во Скопје.

Полицијата влезе да тресе и да сузбива корупција и во повеќе државни органи. Граничари, а и полициски службеници се под истрага за мито и пропуштање нелегална стока. Полицајци се осомничени и за помагање и логистика на нарко банди како и за оддавање службени тајни. Корупција е откриена и кај раководител од Општина Маврово.

Полицијата последниве месеци разби организирани криминални групи. Прекината е меѓународната трговија и убиствата меѓу нарко клановите „Беланоца“и  „Дуќанчиќ“. Меѓу групите разбиени се и оние што се занимавале со трговија со луѓе како и криумчарење мигранти од Блискиот и Средниот Исток.