Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Свет

Две години откако Украина немирно спие

Две години Украина немирно спие. Поминаа 730 дена откако руските тенкови влегоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години Украина немирно спие. Поминаа 730 дена откако руските тенкови влегоа на украинска територија. Пукање, мртви тела по улиците, убиени војници, гладни граѓани, исплашени деца, сирени, бомби, ова е секојдневиот на сите оние кои живеат во критичните точки на земјата.  Токму по повод две години од почетокот на оваа голгота, западот демонстрира поддршка на Украина, а голем дел од европските челници отидоа во Киев.

Меѓу нив беше и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен а националната полиција и на обвинителството на Украина им предаде 50 теренски возила. Таа посочи дека остануваат цврсто на страната на Украина.

Во Киев сум за да ја одбележам двегодишнината од почетокот на руската војна против Украина и да оддадам почит на „беспримерниот отпор на украинскиот народ. Ќе продолжиме да помагаме  финансиски, економски, воено, морално.  Сѐ  додека земјата не биде слободна, сподели на X Урсула Фон дер Лајен – претседател на ЕК.

Реклама

И високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, преку мрежата ИКС се огласи за поддршка на Украина.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг  со видео порака се обрати кон Украина, изразувајќи пофалби за храброста и одлучноста на Украинците, повторно уверувајќи ја земјата во нејзината иднина како членка на НАТО.

„Украина ќе биде дел од НАТО, прашањето не е дали, туку кога. Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да ја помага Украина. Претседателот Путин ја започна оваа војна сакајќи да ја затвори вратата кон Алијансата и на Украина да ѝ го ускрати правото на избор на сопствениот пат. Но, тој го постигна сосема спротивното: Украина сега е поблиску до НАТО од било кога“, истакна Столтенберг.

Со своја поддршка што во посета на Киев, што по социјалните мрежи се огласија и францускиот претседател Макрон, британскиот премиер Сунак, премиерите на Канада, Белија, Италија, канделарот на Германија.

Реагираше и Василиј Небензи, постојан претставник на Русија во ООН, кој токму на темата две години од воените дејствија во Украина рече дека секој конфликт ќе завршел порано или подоцна.

Нема сомнение дека и украинскиот конфликт ќе заврши. Колку подолго трае поради поддршката од Западот, толку помалку поволни ќе бидат мировните услови за Украина. На долг рок, важно ќе биде какви заклучоци ќе извлече Западот од ова“, рече Василиј Небензи – постојан претставник на Русија во ООН

Инаку руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји.