Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор – судот во Кочани го одби барањето за построги мерки

Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на УЈП во Штип остануваат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајцата осомничени даночни инспектори во подружницата на УЈП во Штип остануваат во домашен притвор. Основниот суд во Кочани ја одби жалбата на Кочанското обвинителство, кое бараше мерка – затворски притвор. Од обвинителството во петокот соопштија дека го добиле решението на судот и дека ќе ја обжалат одлуката.

Според соопштението на Кочанскиот суд, советот одлучил да ги одбие жалбите на обвинителството и да ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка. Станува збор за двајцата даночни контролори кои се товарат за примање поткуп. Тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе се вршат инспекциски контроли, а за возврат добивале скапи подароци. Еден од нив е брат на претседателката на Кривичниот суд во Скопје – Даниела Димовска.

Минатиот четврток, обвинителството отвори истрага против 11 луѓе, меѓу кои вработени во штипската и струмичката подружница на УЈП и во Државниот пазарен инспекторат. На шестмина од осомничените им се одредени мерки на претпазливост, а на уште едно лице му е изречена дополнителна мерка на претпазливост.