Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Двајца полицајци осомничени за разбојништвото во златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Гостивар донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица – полицајци од ОВР Кичево, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело разбојништво, на 10 октомври во златарница во Гостивар.

Државното јавно обвинителство соопшти дека осомничените заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато.

Во врска со случајот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека до Основното јавно обвинителство Гостивар поднело кривична пријава против двете лица и информира дека осомничените полицајци вчера биле лишени од слобода.

Реклама

-Двајцата осомничени се полициски службеници од ОВР Кичево, кои се договориле и направиле план за грабежот заедно со другите лица за кои интензивно се преземаат дејствија за пронаоѓање. Осомничените учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На самиот ден, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот во Гостивар, од кои едното потоа било пронајдено запалено на магистралниот пат Гостивар – Дебар, додека другото било пронајдено напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар, се наведува во соопштенијата на МВР и ЈОРСМ. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постои опасност од бегство, можност да ја попречуваат постапката со прикривање на доказите  и со влијание врз сведоците, како и опасност да го повторат делото.

МВР соопшти дека во координација со ОЈО Гостивар презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.