Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Дурмиши: Седница на Економско-социјалниот совет в понеделник, на дневен ред и просечната потрошувачка кошничка

В понеделник, 2 март, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет. Како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В понеделник, 2 март, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет. Како што изјави за МИА министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, меѓу точките од дневниот ред ќе биде и просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите.

На седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата.

– Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ставена на дневен ред на ЕСС, но одговор – предлози, забелешки, сугестии од другите две страни, работодавачите и синдикатите, сè уште немаме. На оваа седница, што ќе се одржи на 2 март, повторно ќе ја ставам на дневен ред за да ја дискутираме. На крајот, кога ќе ја финализираме, ќе биде објавена пред јавноста потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции. Нема да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Да не им сееме магла на граѓаните, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец – рече Дурмиши.

Реклама

Тој потсети дека Владата досега многупати зборувала за синдикалната кошничка и ги кажала своите забелешки.

– На пример, тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот, ги земаат предвид највисоките цени на прехранбените производи, ги пресметуваат и трошоците за кирија. Според пописот во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом – нагласи министерот.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите.