Податоците за инфлацијата за декември 2025 година укажуваат на стабилизација на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен пораст не претставува сигнал за нов инфлаторен бран, оцени министерот за економија Бесар Дурмиши.
Според него, анализата на инфлаторните движења покажува дека основната инфлација е под контрола, додека одредени краткорочни отстапувања се резултат на поединечни и сезонски фактори, а не на структурни проблеми во економијата.
