Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Дурмиши: Ако не ја објавевме минималната плата до 31 март, целата држава ќе се блокираше

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши потпишал и ја објавил владината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши потпишал и ја објавил владината одлука за усогласување на минималната плата, за да се избегне блокада во исплатата на платите во државата.

Дурмиши изјави дека ја донел оваа одлука и ја објавил минималната плата, иако не постоела согласност од Економско-социјалниот совет, што е задолжително според законот.

„По одлука на Владата, јас, како министер за економија и труд, ја објавив минималната плата. Нема согласност од Економско-социјалниот совет бидејќи нема репрезентативност од синдикатите. Но, според Законот кој е во сила и кој е потпишан од синдикатите и работодавачите, обврзан сум по одлука на Владата да ја објавам минималната плата пред 31 март. Од неа се пресметуваат и просечната и другите плати. Ако не ја објавевме до 31 март, ќе се блокираше целата држава и сите институции, а приватниот сектор не би можел да пресмета плати за своите вработени“, рече Дурмиши.

Реклама

На прашањето за протестот на членовите на Сојузот на синдикати на Македонија, Дурмиши истакна дека живееме во демократија и дека секој има право да изрази свој револт на улица.

„Минималната плата според постоечкиот Закон или методологија за која се усогласени сите страни изнесува 400 евра, што претставува зголемување на нето платата за 1.800 денари“, додаде тој.

Министерот објасни дека синдикатите веќе го имаат истечено мандатот и не се репрезентативни, и за тоа формирале комисија која треба да ја утврди нивната репрезентативност.

„Комисијата веќе работи. Кога ќе се утврди кој синдикат е репрезентативен, веднаш ќе ја свикам седницата на Економско-социјалниот совет. Точно таму синдикатите треба да ги изнесат своите барања, а не на улица“, заврши Дурмиши.