Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Прилози

ДУИ како расипана плоча: Националзимот и разгорувањето меѓуетнички тензии повторно последно прибежиште

ДУИ како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ како расипана плоча, на која е снимен само национализам и обид за разгорување на меѓуетнички тензии. Повторно исти закани, сега поради одлуката на Уставниот суд, дека законските измени за Сејф сити биле уставни. Првиот уставен судија Дарко Костадиновски во своето образложение кажа дека СМС- пораките од системот Безбеден град, треба да испраќаат само на македонски јазик, додека можат и на англиски за странци кои ќе сторат прекршок, но не и на албански.

Поради ова интегративците сега решија да бараат оставка од него, велејќи дека во спротивно ќе сносел целосна одговорност, за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека со оваа реторика Ахмети и неговите сопартијци, само наштетуваат на добриот соживот во државата.

-Да се оградат од политики кои се веќе демоде во нашата држава, односно секоја одлука која излегува од некој орган во државата, а каде ДУИ не е во власт, го протумачуваат односно го толкуваат како тоа да е злобата на народот. Како поминува времето се гледа дека таа политичка партија ги губи своите приврзаници, своите клиентилисти, изјави Фаризи.

Реклама

Ова не е прв пат ДУИ да се обидува да врши притисоци врз уставните судии, на крајот 2024-та кампуваа пред Уставен бидејќи беше отворен предмет за оценка на уставноста на Законот за јазици. Фаризи вели дека на ДУИ се им одговара кога се на власт, а ништо кога се во опозицијата.

-ДУИ да не заборавиме дека истите го имаат изгласано Дарко Костадиновски во 2018-тата да биде уставен судија. Така да, буквално денеска тие се обраќаат на некого кој сами го избраа. ДУИ ги менува ставовите во зависност од тоа дали се власт или се опозиција. Сејф сити е општо добро за сите граѓани во државата и одлуката на Уставниот суд мислам дека е исправна, бијдеќи има гарантира безбедност на сите граѓани, кои што се дел од сообраќајот, изјави Фаризи.

Инаку, Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се оспоруваше уставноста на законските измени за системот „Сејф сити“. Тоа значи дека Безбеден град останува на сила.Судиите иако со поделени ставови одлучија дека измените во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата не се во спротивност со Уставот.

Матеја Петровски