Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Државниот завод за ревизија ја донесе и на својата веб страница ја објави Годишната програма за работа на ДЗР за 2026. година

Согласно утврдените критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно утврдените критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, Државниот завод за ревизија во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, и тоа: 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност, 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во конечните ревизорски извештаи од претходниот период, се вели во соопштението од ДЗР.

Од планираните ревизии согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година најмалку:

✔️ 4 (2%) ревизии се задолжителни и се вршат еднаш годишно согласно член 23 став 1 од Законот за државната ревизија;

Реклама

✔️ 171 (72%) ревизии се задолжителни кои се вршат согласно Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик;

✔️ 27 ревизии (11%) се планирани врз основа на прифатени барања доставени од засегнати страни, согласно методолошките акти на ДЗР; и

✔️ 35 ревизии (15%) се планирани во согласност со стратешките документи, критериумите за избор утврдени согласно професионалните стандарди на ИНТОСАИ, како и критериумите поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации, Националната развојна стратегија 2024–2044, препораките на ОЕЦД-СИГМА и расположливите човечки и финансиски ресурси за ревизија.

Линк до Годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година: