Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Државната лотарија испумпала милиони народни пари под закрилата на СДСМ и ДУИ, утврди ревизијата на барање на новото раководство

Милионски суми испумпани од Државната лотарија, но не од сегашното, туку од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионски суми испумпани од Државната лотарија, но не од сегашното, туку од претходното раководство, кое функционирало под закрилата на СДСМ и ДУИ. Првиот ревизор, Ацевски посочи дека ревизијата открила голем број сомнежи за неправилности во јавните набавки и користењето на деловен простор под закуп. Неточно бил пресметан и уплатен данокот на добивка, а за рекламирање биле потрошени околу 3,6 милиони евра, од кои за околу 1,2 милиони евра нема документација за извршени услуги. Дополнително, било утврдено дека се вршеле набавки на опрема која до моментот на ревизијата не била ставена во употреба, а нејзината вредност изнесува повеќе од 9 милиони евра.

„Имаме сомнеж во делот на набавката на електронски апарати за приредување игри на среќа, каде што се платени околу 9 милиони евра, а истите не се ставени во употреба. Имаме сомнеж и кај користењето на деловен простор, кој одреден период воопшто не се користел, а за него се вршеле плаќања, додека во друг период се користел исклучиво како гаражен простор“, изјави Максим Ацевски, директор на ДЗР.

Ацевски додаде дека постојат сериозни сомнежи и во начинот на подигнување и користење на готовинските средства од продажните места, како и во трансакциите преку деловните банки, каде дел од средствата, наместо да се уплатат во благајна и на сметка, биле пренасочувани преку трансакции кои, според ревизорите, имаат елементи на незаконитост.

Реклама

Дел од медиумите ја извртеа приказната тврдејќи дека сомнежите за овие криминали се однесуваат на новото раководство. По ова Државната лотарија излезе со објаснување – велат дека станува збор за селективно пренесување на поединечни делови од ревизорскиот извештај што создава погрешна слика во јавноста и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно и точно информирање. Додаваат и дека тие самите побарале да биде нарпавена ревизија.

„Ова претставува недозволива медиумска интерпретација која директно го нарушува угледот на Друштвото и на актуелното раководство. Особено нагласуваме дека новото раководство, веднаш по преземањето на функцијата, проактивно и транспарентно се обрати до Државниот завод за ревизија со барање за целосна ревизија на финансиските извештаи и на целокупното работење на Друштвото, со цел утврдување на фактичката состојба, идентификација на евентуални неправилности наследени од претходното раководство и воспоставување засилен систем на финансиска дисциплина, отчетност и законитост“, велат од Државната Лотарија.

За сите утврдени сомнежи веднаш биле известени Финансиската полиција и Јавното обвинителство, а ревизорскиот извештај бил доставен и до МВР и Министерството за финансии. Во 2024 година кривични пријави за сериозен криминал во Државната лотарија на Македонија заработија поранешниот премиер Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби.