Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Другарство во СДСМ: Сите биле другари и другарки, па за Ковачевски не било убаво да каже кој му е фаворит за претседателски кандидат

На Димитар Ковачевски сите во СДСМ му биле другари, па не било…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Димитар Ковачевски сите во СДСМ му биле другари, па не било убаво да каже кој му е фаворит за кандидат за претседател. Немало да трча со информации пред органите на партијата да одлучат, за што веќе била отпочната партиската процедура.  И покрај рејтингот на власта кој е во слободен пад, Ковачевски е сигурен во победа на изборите – биле европски фронт и имале широка поддршка.

-Не би било убаво јас да давам такви коментари пред почетокот на кандидационата постапка и да ја наведувам на тоа, со оглед на тоа што ние во СДСМ сме другари, сме другарки и сите оние кои што сме ги кандидирале и делат вредности со нас секогаш сме биле на иста линија и на иста визија за Македонија, изјави Ковачевски.

А во јавноста веќе гласно се шпекулира дека главен фаворит за кандидат е министерот за внатрешни работи. Спасовски на еден начин својата кандидатура ја најави со фотографија на Фејсбук, со позадина од европски знамиња зад него, и тоа на само два дена по исчезнувањето на Вања

Реклама

-Претседателски кандидат кој ја одразува визијата на поддржувачите на ЕУ е клучен за успешно претседателство, објави на Спасовски на Фејсбук.

И претходно запрашан дали се гледа како иден претседател, Спасовски не одрече.

-Персоналните решенија, личните амбиции, личните судбини воопшто не се важни, во однос на тоа што треба да добијат граѓаните и Македонија. Така да јас само размислувам колку е важно да останеме на вистинскиот, на европскиот пат, кажа Спасовски.

На списокот кандидати уште стои и актуелниот шеф на државата. Иако на прашањето дали размислува за уште еден мандат, Пендаровски првично одговори отсечно не, потоа се дообјаснуваше – ќе одлучел после нова година, а сега мислите му биле само со семејствата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

-Изборите се догодина, закажани за април и за мај, има доволно време после нова година да размислуваме за тие работи. Во овој момент моите мисли се насочени само кон семејството на настраданите и се разбира во рамките на мојата функција, изјави Пендаровски.

Остануваат отворени и прашањата дали СДСМ и ДУИ ќе одат заедно на изборите, Ковачевски не одоговри конкретно, но испрати индиректна порака до ДУИ, предизборно да се приклучеле во како што го нарече проевропскиот фронт. Ковачевски не знаеше ниту кој ќе биде негов наследник на предлог на ДУИ. Се уште не разговарал со Ахмети на оваа тема.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак соопштија дека започнале подготовките за парламентарните и претседателски избори, шеф на Републичкиот изборен штаб ќе биде лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а кандидатот за претседател ќе биде избран на конвенција на втори март следната година.

Матеја Петровски