Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

„Дрско, планирано убиство со умисла“ – почна судењето за убиството на турскиот државјанин во Штип

Под силно полициско обезбедување, во Основниот суд во Штип, почна судењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под силно полициско обезбедување, во Основниот суд во Штип, почна судењето на петмината турски државјани кои се обвинети за убиството на 25годишниот Енес Оздемир, од Турција кој  на 8мај во вечерните часови, со шест куршуми беше застрелан во преполно кафуле на Градкиот плоштад во Штип.  Главниот обвинет,21 годишниот Кадир Кара,  се товари за тешко дело убиство и неовластено држење на оружје,а останатите четворица за кривично дело помагање при извршување на убиството. Обвинителството тврди дека станува збор за тешко и дрзко убиство, извршено со умисла, додека одбраната дека инцидентот  е реакција во миг и дека Кара, пикал во нужна одбрана, бидејќи Оздемир наводно имал нож во себе и бил под дејство на алкохол и дрога.  И убиениот и неговиот брат биле вмешани во повеќе кривични дела.

   „Одбраната поседува доволно докази, сериози докази од кои може да утврдиме дека вината во овој случај не е на товар на обвинетите, туку вината е на товар на другата стрна, односно на оштетената страна кои насилно сакаат да изнудат одредени ситуации. Денеска побарав да биде кривичното дело да биде сторено од крајна нужда или алтернативно, побаравме да биде убиство на миг„ изјави Шенај Османов, адвокат на прво и трето обвинетите.

Речиси сите  обвинети, освен девојката се со дебело криминално досие. Двајца од онив кои логистички му помагале на убиецот, се барани во Турција, за убиства и недозволено поседување на оружје. Во Македонија, престојувале користејки лажни идентитети. Третиот обвинет, според исказот што го даде и тој бил инволвиран во убиство, но не е осуден. Сепак во Македонија, има пресуда за загрозување на сигурност, при семејно насилство. Оружјето со кое е извршено убиството било набавено  во Скопје,на нелегален начин и серискиот број му бил избришан. Според обвинението Кара, специјално дошол  за убиството во Македонија. Бил сместен во стан во комплексот Џевахир. На денот на убиството со автомобил тројцата обвинети, убиецот го донеле во Штип, каде претходно преку мобилна апликација договорил средба во кафулето. По петнаесетминутен разговор убиецот станал од масата, влегол во тоалетот , по што се вратил и со шест истрели го застрелал 25 годишниот турски државјанин.  

Реклама

По убиството  групата се обидела до побегне со помош на студентка од Турција, но кај наплатната рампа Миладиновци беа фатени.  Судењето продолжува на 12 наредниот месец.