Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Дрон во функција на работата на ЈУ Национален парк „Пелистер“

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола при справување со пожари на отворен простор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола при справување со пожари на отворен простор ќе користи и дрон, изјави Иванчо Тошевски, директор на Националната установа.

Користењето на дрон при справување со шумски пожар од пошироки размери овозможува брза и координирана акција, посочи Тошевски.

-ЈУ Национален парк „Пелистер“ за прв пат во својата историја употреби дрон кој овозможи да се надгледува шумски пожар на отворен простор и брзо да се дејствува. Оваа активност ја спроведовме во соработка со општинскиот Кризен штаб на симулациска вежба, а по извршената анализа констатиравме дека со активирање на единствен команден систем овозможен преку дрон, брзо се гасне пожар и се спасуваат лица доколку тоа е потребно, изјави Тошевски.

Реклама

Ставањето во функција на нови технологии за брзи интервенции е дел од стратегијата на ЈУ Национален парк „Пелистер“ за што поддршка има и од Центарот за управување со кризи.