Реклама

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Македонија

Драстично зголемен бројот на случаи со семејно насилство за време на изолацијата и полицискиот час

Некому мерка за заштита, на други смртна закана. Животот на жртвите од …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некому мерка за заштита, на други смртна закана. Животот на жртвите од  семејно насилство  се претвора во пекол за време на полицискиот час. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, предупредувањата на невладините сектори дека вонредната состојба ќе стимулира семејно насилство се покажаа како точни.

“Во делот на поплаките поднесени од лица против членови на нивното семејство, се бележи зголемување од 32%, односно поднесени 310 поплаки. Најголем број се регистрирани во Битола, Штип и Велес. На подрачјето СВР Скопје има зголемување за 84,6%”  – велат од МВР.

Во време кога се алармира да се остане дома за да се спречи ширењето на корона вирусот, насилниците ја имаат целосната контрола врз жртвите.

Реклама

 „Она што досега го имаме забележано барем во нашата организација, но и во другите организации со коишто соработуваме е дека најмногу се случуваше наплив на пријави на насилство после поголеми празници. Значи кога луѓето беа во почест контакт, беа на едно исто место подолго време – вели за Алфа Бети Пејева од Едукативно – хуманитарна организација ЕХО.

Од ЕХО велат дека во вакви итни случаи, комуникацијата не е ограничена, но најчесто ги контактираат жртви со кои претходно имале соработка. Ситуацијата со корона вирусот уште повеќе ги заплаши жртвите да побараат помош од организациите и најблиските, бидејќи стравуваат да не се заразат.

Адријана Алексиеска