Реклама

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Македонија

ДПИ со засилени контроли за „Black Friday“, ќе проверува дали трговците лажно ги прикажуваат попустите

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците на целата територија на државата по повод најавените попусти во рамки на кампањата „Black Friday“ (Црн петок).

Како што информираат од Инспекторатот, контролите ќе бидат насочени кон законитоста на продажните акции, начинот на огласување на попустите, означувањето на цените и информирањето на потрошувачите за условите под кои се нудат производите. Посебен акцент ќе биде ставен на продажбата на апарати за домаќинство, бела техника, електронски уреди, мобилни телефони, компјутерска опрема, облека, обувки, мебел и други производи кои во овој период се нудат по намалени цени.

Од ДПИ посочуваат дека особено внимание ќе посветат на евентуални случаи на лажно прикажување попусти, неосновано зголемување на цените пред нивното намалување, неточно и доведувачко рекламирање, како и други неправилности поврзани со продажните услови.

Реклама

-Целта на инспекциските надзори е да се спречат нечесни трговски практики и да се заштитат правата и економските интереси на потрошувачите. Од Инспекторатот апелираат до трговците да ги почитуваат законските обврски и транспарентно да ги прикажуваат цените и попустите, а ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат означените цени и условите за намалување. Доколку забележат неправилности или повреда на потрошувачките права, граѓаните можат да ги пријават на бесплатниот телефонски број 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk   – се наведува во соопштението од Инспекторатот.

При утврдување неправилности, ДПИ најавува дека ќе преземе соодветни инспекциски и законски мерки.