Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 ДПИ: Генерално се почитува мерката за цените на училишниот прибор, дел од трговците се уште се прилагодуваат

Инспекторите на терен проверуваат колку се почитува владината мерка „Училишна кошница“. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекторите на терен проверуваат колку се почитува владината мерка „Училишна кошница“. По првиот ден од стапувањето на сила на одлуката за намалување на цените за училишниот прибор, оценката на Пазарниот инспекторат е дека генерално мерката се почитува од страна на книжарниците.

„Има објекти кои навремено се подготвија и ги истакнаа цените и попустите, а има и такви на кои им треба малку повеќе време да се прилагодат. Генерално одлуката од вчера се почитува особено кај големите трговци, но треба да видиме и како ќе се справат и помалите. Ние сме во постојана комуникација со трговците и за било какви нејаснотии им излегуваме во пресрет, но владината одлука е јасна и секој мора да ја почитува. Ние ќе вршиме контроли и ќе го следиме процесот, со цел сите трговци да ја испочитуваат мерката“, вели директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.

Според одлуката, трговците мора јасно да ја истакнат старата и новата цена, а на видно место да постават плакат со натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Тоа е обврска, а не препорака. Кој нема да почитува, ќе се соочи со санкции.

Реклама

„Постојано вршиме мониторинг и инспекциски надзори и доколку забележиме неправилности ќе бидат направени понатамошни законски постапки“, порачува Стојкоски.

Инаку и Алфа вчера направи обиколка низ поголемите книжарници во центарот на Скопје и забележавме дека дел од трговците се прилагодиле, дел ни кажаа дека им требало време, но попуст секаде имаше, кој иако не беше означен на рафтовите , се преметуваше на каса.  Владата очекува мерката да го ублажи финансискиот товар на родителите во пресрет на новата учебна година. Според грубите проценки едно семејство би заштедило околу 50 евра.