Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Досегашната партија Алијанса за Албанците на Зијадин Села стана Албанска лига на конгрес во Тетово 

Во Тетово каде се одржа конгресот на партијата Алијанса за Албанците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Тетово каде се одржа конгресот на партијата Алијанса за Албанците на Зијадин Села, политичкиот субјект беше преименуван во Албанска Лига.  Со 713 гласа „за“, колку што денеска имало делегати, Зијадин Села е избран за претседател и на Албанската лига, беше соопштено на Конгресот кој се одржа под мотото „Лигата е жива“. 

Зијадин Села во своето обраќање по изборот, оцени дека и оваа функција носи одговорност кон членството, делегатите и идните генерации.

-Некој можеби мисли дека сум навикнал често да се качувам на оваа сцена, но не е така. Секогаш се искачува со емоции и со чувство на одговорност. Таа одговорност, порано како Алијанса за Албанците, а денес како Албанска лига, ја имаме пред генерациите што ќе ги наследат одлуките кои денес ги носиме, рече Села.

Реклама

Во продолжение на говорот тој посочи дека Албанска Лига нема да биде дел од Владата. 

-Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Албанската лига и нејзиното наследство од Алијансата за Албанците знаат и да излезат од тие врати, како што покажале во минатото, изјави Села.

Конгресот ја усвои политичката платформа на Албанската лига, како и повеќе резолуции предложени од партијата.